Connect with us

Колумни

Tip of the week – Организација на простор

Објавено

на

Мојот работен простор, во многу мал дел од неделата е добро организиран. Не знам какви сте вие, но неуреден простор оддава впечаток на неуредена личност, а не сум таков.

 

Бидејќи не сум таков, решив дека мора да си го средам работниот простор, а со тоа и самиот себе си, најверојатно. Да споделам неколку совети што почнав да правам и некои работи кои можеби ќе може да ви помогнат околу ваша подобра организација:

  • Зошто – пред воопшто да почнете со решавање на проблемот, прво треба да дознаете зошто вашиот работен простор е несреден. Можеби ви е таква работата и едноставно што и да направите нонстоп ќе биде несреден, па тогаш ќе треба тотална реорганизација во целата ваша работна просторија.
  • Реорганизација на просторот – прво што треба да направите е да процените колку простор имате. Понекогаш ние сакаме на мал простор да се организираме како да имаме 100 м2. Затоа, ако ви е потребен повеќе простор, реорганизирајте го! 
  • Чистење – редовно чистење на работната маса многу ќе ви помогне. Ќе се изненадите колку многу имате стари и непотребни работи и колку ќе ви се ослободи слободен простор.
  • Организација на фиоки – фиоките се помошно место кои треба да ви помогнат при организација на главниот простор. Убаво е нив да ги средите како би можеле да си ослободите позиција на главниот дел.
  • Систем за фајлирање – секој од нас треба да си има сопствен систем за фајлирање кој или во целост или барем главниот дел од него ќе се поклопува со главниот систем за фајлирање што го имате во вашата канцеларија. Вашиот систем може да биде или во фиоки или на масата да поставите кластери.
  • Кластери – тие треба да се поставени близу вас и да ви помогнат околу поделба на обврските што треба да ги направите (итни, за дискусија, follow up, итн…).
  • Електронска работа – доколку вашата позиција овозможува, гледајте што повеќе да работите електронски отколку во хард копија. Со тоа ем заштедувате простор, но истовремено и ресурси.
  • Работни „зони” – во некој дел од целата работна просторија ќе треба да воспоставите места кои ќе бидат работни, односно каде што ќе може да се оставаат работи(полици, плакари итн.).
  • На дофат на рака – опремата која најмногу ја користите нека ви биде на дофат на рака. Работите кои ретко ги користите, може да се и подалеку.
  • Време – одвојте (најлесно на крајот на неделата) време кога ќе правите неделни чистења на вашиот простор. 

Една работа да се договориме, целосно чист работен простор не е возможен. Она што е возможно е да не работите во хаос (барем што се однесува до работниот простор) туку да имате функционален простор на кој ќе може навремено и квалитетно да ги завршувате работите.

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно