Колумни
Tip of the week – Невозможно vs Возможно


Цело време нè учат дека сè е возможно, но дали е сè возможно? Не за друго, некогаш има некои нешта кога е невозможно да се средат.
Како организатори на која било ситуација, проект или група, во нашата крв е да направиме сè што е во наша моќ да успее тоа што ни е зададено или сме го наумиле. Но проблемот е најмногу во перцепцијата на работите што ги имплементираме или сакаме да ги имплементираме и дали е тоа навистина е остварливо или е само желба.
Во секој случај, невозможното да се направи возможно е возможно, но потребни се работи кои ќе ви помогнат во тоа. Не е тешко, но треба да се проба.
План – тенка е линијата помеѓу навистина остварливо и само желба, а тенка е најмногу затоа што најмногу зависи од тоа дали имате некој план на активности или акции.
Истражување – сигурно нема да бидете добро подготвени ако претходно не направите истражување. Можеби изгледа како губење време, но сигурно за еден ден нема да бидете толку многу информирани.
Опции – секогаш имајте повеќе опции. Ова е и поврзано со претходните две точки кои би требало да бидат еден од резултатите на планирањето и истражувањето. Ако имате повеќе од една опција, тогаш шансите да имате возможна идеја се многу поголеми.
Време – одредете време, да не биде неограничено само затоа што тогаш, уште сега ќе кажам, дека сигурно ќе биде повеќе невозможна работа отколку возможна. Имајте временски план, па дури и со одредени моменти на проверка.
Одвлекување и неуспеси – очекувајте дека по патот ќе има неуспеси или работи што ќе ве одвлекуваат од остварување на работите, но немојте да се обесхрабрувајте. Бидете свесни дека ова ќе се случи, но со добро планирање и истражување, шансите да се случат неуспеси по пат се многу мали, но и невозможни.
Зошто – пред воопшто да почнете да го правите невозможното, возможно, поставете си прашање, ЗОШТО го правите тоа да биде возможно. Кои се бенефитите и последиците. Тоа ќе ви помогне во решителноста да се направи возможно!
Споделување – споделувајте ги работите кои ги правите со луѓето околу вас и гледајте да бидат тоа релевантни луѓе. Со тоа ќе добивате интересни идеи – како понатака и дали понатака, но можно и да добиете негативни критики кои може да ве одвлечат од тоа да истраете. Затоа, внимавајте со кого ќе споделувате,
Искуства – Ако нешто не е направено порано, не значи дека не е возможно да се направи сега. Дека ќе биде потешко, тоа е сигурно, сепак вие сте први во тоа што го правите.
Успеси – сме споменале неколку пати во нашите текстови, а тоа е дека треба да им се радуваме на успесите. Тие нè охрабруваат невозможното да го направиме возможно!
Но едно е најважно, да се направи невозможното возможно, навистина е возможно! Дополнително на тоа, сигурен сум дека до сега сте го направиле и тоа, неколку пати.
Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?


Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)
Колумни
Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?


Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)
Колумни
Нивото на финансиска писменост е суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки


Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е многу различен од она што беше во минатото: хипотеки, кредитни картички, инвестициски фондови, заеднички вложувања и ануитети, а одлуките поврзани со овие финансиски производи имаат импликации за индивидуалната благосостојба. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје