Connect with us

Колумни

Tip of the Week – Време за вас

Објавено

на

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот кои што помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој ww.macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php 

 

Живееме во време кога се случуваат околу нас работи со неверојатна брзина.
Живееме време на работа на организамот со 100км/ч.
Живееме време на…
Живееме време кога за сè имаме време, само не за нас.

 

А баш во овој период, времето за нас е повеќе од потребно. Не смееме да се изгубиме во сето ова време на брзање. Потребно е, од време на време, да размислиме за тоа каде сме, што правиме, до кај сме… да си бидеме сами. Сепак, само ако сте вие задоволни и среќни со она што го правите, ќе бидете позитивни и успешни на сите места, без огледдали е тоа дома, на работа, со пријатели…

 

Да, потребно е време за себеси, но како до него:

Листа на приоритети – и тоа како е потребна, ако сакате да го имате тоа време за себеси. Сме пишувале безброј пати за оваа листа, но сега во неавметнете го и времето за вас.

Трошачи на времето – направете листа на работа каде што трошите најмногу време. Почнете од станувањето наутро, па сè до легнувањето навечер. Видете од таа листа, каде може да влијаете и каде може да скратите, за даостане повеќе време за вас.

Рутини – направете анализа на рутините. Тие се најчесто дел од денот кога сте сами со себе и имате време за вас. Ако има потреба и можност, сменете ги и направете некои од нив да се подолги, автоматски, повеќе време за вас.

Места каде што сте сами – според некои статистики, приближно1.5 години, од нашиот просечен живот, го поминуваме во тоалет. И, ако знаеме дека е тоа време е за нас, тогаш искористете максимум од него или зголемете го со некои купки и други освежувања на телото.

 

И да, ќе го имате тоа време за вас, но што со него? Можеби прашањево е без врска, но во живот не сме навикнати да имаме толку време за нас, а и да го имаме, најчесто го користиме за сè друго, само не за себе:

Електрични апарати – откажете се во периодот кога сте сами од сите овие апарати. Пробајте да гиоставите на страна и земете книга или изберете некој филм (некој жанр кој ви е омилен, но оддамна не сте имале време да го изгледате). Само да знаете, 70% од нашиот живот или 11 саати дневно, ние сме пред некои од овие апарати!

Одмор – искористете го тој период да го одморите организмот. Одморот може да го направите со тоа што ќе легнете, затворите очи и ќе пробате или на ништо да не мислите или да заспиете.
Прошетка – одамна не сте биле на прошетка. Ова е периодот кога можете да го напраивте тоа. Ем ќе го олабавите телото, ем ќе си имате времеза вас да си размилсувате за милион работи за кои не сте имале време.

Консумирање храна или пијалаци – пред некој ден имав можност да бидам сам на ручек. Вие не знаете какво уживање беше тоа. Истото е и со консумацијата на пијалаци. Па, можете барем еднаш во месецот да си бидете сами.

 

Има безброј интересни работи кои може да ги направите кога сте сами, но најважно е да си направите време за вас. Ако вие самите не си направите време на уживање, никој друг нема да ви го овозможи тоа време!

 

Со успех во промените
Калин Бабушку
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com 
www.macedonia-export.com 

Колумни

Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Објавено

на

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?

Објавено

на

Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Нивото на финансиска писменост е суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки

Објавено

на

Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е многу различен од она што беше во минатото: хипотеки, кредитни картички, инвестициски фондови, заеднички вложувања и ануитети, а одлуките поврзани со овие финансиски производи имаат импликации за индивидуалната благосостојба. (more…)

Продолжи со читање


Популарно