Connect with us

Колумни

Tip of the Week – Балансирање на очекувањата

Објавено

на

Станавме општество во кое очекувањата се високи, но ајде што се високи, туку сакаме работите да ни се случуваат многу брзо. Тоа е најмногу видливо на работа и на активности поврзани со работа, но не се малку ниту оние од општествен карактер.

Очекувањата кај луѓето се нормална работа. Но какви ќе бидат тие, најмногу зависи од тоа како ни се претставени.Истражувањата покажуваат дека очекувањата за некоја ситуација во животот претставуваат моќен момент за она што сакаме да го прифатиме и што сакаме да го признаеме. Тоа е така затоа што го добиваме она што сакаме да го очекуваме. А што (сакаме) да очекуваме мораме прво да го потврдиме со соговорникот, бидејќи она што нема да ни се потврди, може да доведе до претпоставки.

Затоа и треба да балансираме со очекувањата, но од друга страна, тоа не е лесно. Уште повеќе не е лесно, ако не зависи само од вас. Во прилог се неколку работи кои ќе ви помогнат во балансирање на очекувањата:

Одговорност – преземање одговорност за нашите акции. И не само наши, туку и на организацијата/институцијата за која или во која работиме. Не може да се каже дека не сте го создале тоа вие или се одложило нешто, поради компанијата, но од друга страна, ако навремено се изврши дека е само ваша заслуга.
Искреност – искрени кога станува збор за поставување на очекувањата. Нека не ви постојат како варијанта белите лаги за да се врати рокот, искреноста и чесноста се подобра варијанта. Одговорноста бара чесност.
Транспарентност – само со поголема транспарентност и постојана комуникација со сите инволвирани, сите можат да ја видат вистината. Транспарентноста е поврзана со одговорноста, а придонесува кон градење на вашиот интегритет и кредибилитет.
Интегритетот – е работа која треба да ја заслужите. Дали ќе ја заслужите уште од самиот почеток или подоцна, кога ќе ви биде потешко, од вас зависи. Доколку побргу разберете дека интегритетот сте вие, тоа е полесно за вас.
Грешки – никој не е совршен и мора да бидеме подготвени за правење грешки, но и за признавање на грешките. Само со тоа ќе можете да се поправите во иднина и побрзо изнаоѓање на решенија.
Почит – важно е да ги исполните очекувањата со почит.

Без оглед на вашата позиција на работа, дома или со пријатели, управувањето или балансирањето со очекувањата е важен дел од она што го правиме секој ден.

Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com 

Колумни

Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Објавено

на

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?

Објавено

на

Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Нивото на финансиска писменост е суштински индикатор за способноста на луѓето да донесуваат финансиски одлуки

Објавено

на

Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е многу различен од она што беше во минатото: хипотеки, кредитни картички, инвестициски фондови, заеднички вложувања и ануитети, а одлуките поврзани со овие финансиски производи имаат импликации за индивидуалната благосостојба. (more…)

Продолжи со читање


Популарно