Connect with us

Business Man

Јане Заевски: „Храна за сите“ има за цел да ја врати изгубената вредност на храната

Објавено

на

,,Храна за сите’’ е прва платформа за продажба, промоција и донација на храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониски цени и до 80% од регуларните. 

Нашата мисија е да ја вратиме изгубената вредност на храната, а притоа да го зачуваме паричникот и планетата земја.

Угостителските објекти кои ќе се регистрираат на ,,Храна за сите’’ , ќе имаат можност да ја објавуваат храната која ќе проценат дека нема да им се продаде, но овој пат по пониски цени за да ги мотивираат потрошувачите истите да ја подигнат во лимитираниот временски период. Дополнително, платформата има за цел непродадената храна да се пренамени за најзагрозените ранливи категории на граѓани со помош на невладиниот сектор, наместо истата да се фрла.

Банкарство: Како дојдовте до идејата за основање на овој концепт?

Јане Заевски: „Идејата за ,,Храна за сите’’ се роди пред некоја година во Америка, кога првпат видов колкава е количината на неискористена храна. Сметав дека тоа е проблем само таму, но истражував и сфатив дека тоа е глобален проблем, а вишок храна има насекаде. Нискиот економски стандард во којшто живееме, наспроти тоните фрлената храна беше главен мотив да почнам да ја реализирам идејата“, вели Јане.

Банкарство: Кои се вашите планови и цели за во иднина?

Јане Заевски: Веб платформата на ,,Храна за сите’’ наскоро ќе стане јавно достапно, а првичната цел ќе биде приклучување на што поголем обем на партнери и градење на контролен механизам кој ќе ни овозможи континуирано да се преиспитуваме, подобруваме и развиваме. Главната цел во иднина ќе биде создавање на економски одржлива и еколошки свесна заедница која ќе биде двигател на одржлив и попродуктивен систем на храна.

Business Man

Кристиан од Big heart преку претприемништво им помага на луѓето со потешкотии

Објавено

на

Предизвикот на Big heart како социјално претпријатие е да се грижи за кариерата на артистите (музичари, актери, комичари, магионичари) и истите ќе ги промовира во медиумите, а дополнително и ќе обезбедува настапи за секој од нив. Уметниците ќе бидат амбасадори на социјалната мисија на претпријатието, која е борба против стигмата кон лица со ментални болести и попречености. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Глигор Дачевски од dоXteam – водечкa компаниja за развој на софтверски решенија

Објавено

на

DоXteam е една од водечките компании за развој на софтверски решенија во Македонија, чиј основач и директор e Глигор Дачевски. Формирана е во 2008 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange