Connect with us

Останато

Tesla се задолжи 1,4 милијарди за кинеската мега фабрика

Објавено

на

Tesla Motors на Илон Маск постигна договор со конзорциум на кинески банки за подигнување на кредит вреден 1,4 милијарди долари со кои ќе се финансира новата мега фабрика за производство на електрични возила во Шангај.

Финансиска поддршка за проектот на Tesla дадоа China Construction Bank, Agricultural Bank of China, Industrial and Commercial Bank of China и Shanghai Pudong Development Bank. Заемот ќе се враќа во рок од пет години со многу поволни услови и ниска каматна стапка која се доделува само на најдобрите клиенти според кинеската банкарска деловна политика.

Во новата фабрика во Шангај е предвидено да се произведуваат импресивни 1.000 Tesla 3 возила неделно. Со растот на производствените капацитети Маск ќе може да одговори на огромната побарувачка на пазарот на електрични возила, а исто така ќе се намали и рокот на чекање на испорака на направените нарачки од страна на потрошувачите.

Речиси една третина од овој кредит Tesla ќе го пренамени за враќање на претходен заем од кинеските банки, додека пак останатите средства ќе се искористат за доградба на фабриката во Шангај.

Властите во Шангај, исто така изразија силна поддршка за проектот на Tesla што ќе биде нивна прва фабрика за автомобили во странство. Со тој потег властите покажуваат дека се менува и нивната политика на отвореност во автомобилската индустрија во Кина.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно