Connect with us

Осигурување

Tриглав Осигурување АД Скопје со добивка од 13,3 милиони денари успешно го заокружи првото полугодие на 2021 година

Објавено

на

Tриглав Осигурување АД Скопје во вториот квартал од 2021 година оствари нето добивка од 13.382 илјади денари. Гледано кумулативно, заклучно со 30.06.2021 година остварена е нето загуба од работењето во износ од 17.573 илјади денари.

Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 407.459 илјади МКД, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 9,7%, односно за 43.796 илјади МКД. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

– Раст на бруто премијата за 26.651 илјади денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата;

– Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 9.074 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата.

– Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше негативно за 61.373 илјади денари.

  • Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 24.069 илјади МКД и се за 17,4% пониски од 2020 година. 81% од овие приходи се однесуваат на камати, а 7% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства.

Намалувањето на овие приходи во однос на минатата година се должи на дополнителниот пад на каматни стапки на финансиските инструменти, како и на пониските реализирани капитални добивки.

  • Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 39.700 илјади МКД и се повисоки за 2.341 илјади МКД, односно за 6% во однос на 2020 година, поради повисоката премија предадена во реосигурување.
  • Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 4.216 илјади МКД и бележат минимален пад од 4%.
  • Oстанатите приходи се во износ од 6.973 илјади МКД и бележат раст од 41%. Главна причина за растот е тоа што оваа година имаме повисоки приходи од рефундации од Националното биро по основ на исплатени штети. Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:
  • Нето расходите за штети се во износ од 235.540 илјади МКД и и се на исто ниво како и минатата година.
  • Останатите технички резерви се за 1.606 илјади МКД намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).
  • Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 17.522 илјади МКД и се зголемени за 18% во однос на минатата година, главно како резултат на попустите во класа 02- здравствено осигурување, кои се повисоки за 1.689 илјади МКД.
  • Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2021 година изнесуваат 207.625 илјади МКД што претставува пад од 3% или 5.585 илјади МКД во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за падот имаше позицијата „трошоци за стекнување“, а кои се намалени за 3.364 илјади МКД (индекс од 97)

Трошоци од вложувања се во износ од 1.303 илјади МКД и претставуваат намалување од 19% во однос на минатата година. Намалувањето се должи на пониско остварената загуба на придруженото друштво Триглав Живот.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 30.621 илјади МКД и ова претставува раст од 1%. Главна причина за растот е префрлувањето на одредени трошоци кои претходно се водеа како „нето трошоци за спроведување на осигурувањето“ (адвокатски, нотарски и судски трошоци за наплата на премии, регреси и решавање штети).

Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 8.622 илјади МКД. Главна причина за зголемувањето е тоа што од 01.01.2021 година, согласно законската регулатива, повторно се применува старата методологија пропишана од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, согласно која роковите за почеток на пресметување на исправка на побарување по основ премија се пократки.

Во периодот од 01.01.2021 – 30.06.2021 година, Друштвото нема извршено промена во сметководствените политики, споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи. Во однос на методите на вреднување на ставките во финансиските извештаи, Друштвото од 01.01.2021 повторно ја применува старата методологија за вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија (сметководствена проценка), согласно законските измени во Правилникот за методот за вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси.

Во периодот од 01.01.2021 – 30.06.2021 година, Друштвото нема исплатено дивиденди. До денот на изготвување на извештајот за финансиската состојба нема предложени дивиденди од Одборот на директори на Друштвото.

Во периодот од 01.01.2021 – 30.06.2021 година, Друштвото нема вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) од значителен износ.

Промени во кредитните задолжувања Друштвото, заклучно со 30.06.2021 година, нема обврски по основ на кредитни задолжувања.

Осигурување

Семеен дом осигуран со 3,2 милиони евра, највисоката осигурена сума за имот на физичко лице

Објавено

на

Најголемата корпоративна полиса издадена во земјава покрива максимална штета до износ од 1,26 милијарди евра. Кај каско осигурувањето возила максимална осигурена сума за покривање штети е 41 милиони евра и договорот за осигурување го има претпријатие за јавен превоз на патници. Полисата со највисока осигурена сума за исплата на штети за приватно здравствено осигурување покрива до 2,3 милиони евра со која се осигурани речиси 800 вработени лица. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав полиса за корисници на кредит која целосно ги покрива кредитните обврски

Објавено

на

Кредитите и кредитните картички станаа наша слатка навика за финансирање на нашите потреби, желби и соништа. Практично, сите живееме живот на кредит. Но, дали сте пресметале колку изнесува вашето кредитно задолжување? Колку вашето семејство финансиски зависи од вас? (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Триглав Осигурување Живот со најголем раст во сите сегменти на пазарот за животно осигурување

Објавено

на

Животното осигурување и во вториот квартал од оваа година забележува раст што е позитивен индикатор за движењата на пазарот за осигурување.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно