Connect with us

Осигурување

Tриглав Осигурување АД оствари добивка од 3,5 милиони денари во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Tриглав Осигурување АД, Скопје преку соопштение на Македонска берза објави дека заклучно со 30.06.2019 година оствари нето добивка од работењето во износ од 3.527 илјади денари.

  • Нето приходите од премија заклучно со 30.06.2019 година изнесуваат 546.108 илјади денари, што во однос на 2018 година претставува намалување за 11,2%, односно за 60.024 илјади денари. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:
    – Пад на бруто премијата за 50.044 илјади денари, што делуваше негативно на нето
    приходите од премијата;
    – Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 92.470 илјади
    денари, што делуваше негативно на нето премијата;
    – Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2018 година,
    влијаеше позитивно за 82.491 илјади денари.
  • Приходите од финансиски вложувањаизнесуваат 23.673 илјади денари и доживуваат пад од 2% споредено со истиот период претходната година. Од овие приходи 88% се однесуваат на камати, а 7% се однесуваат на приходи од наемнини. Поголемиот дел од останатите приходи од вложувања произлегуваат од капитални добивки и приходи од курсни разлики. Падот во однос на минатата година е пред сè резултат на високиот пад на пазарните каматни стапки.
  • Приходите по основ на провизии од реосигурување се повисоки за 17.588 илјади денари, односно за 116% во однос на истиот период во 2018 година, што е резултат на растот на премијата предадена во реосигурување.
  • Oстанатите приходи на осигурување изнесуваат 6.733 илјади денари и бележат раст од 27%. Овој раст се должи на повисоките приходи по основ на наплатени судски трошоци од минати години, како и повисок износ на приходи по основ на ликвидирани штети за останати осигурителни компании.
  • Oстанатите приходисе во износ од 7.426 илјади денари и бележат раст од 68%. Главна причина за растот е остварената капитална добивка од продажба на материјални средство. Дополнително, во 2019 година, се реализирани и повисоки износи на приходи по основ на камати од судски спорови.

Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:

  • Нето расходите за штети се во износ од 283.879 илјади денари и споредно со претходната година имаат намалување од 9%, т.е. 27.019 илјади денари во апсолутен износ. Падот се должи на фактот што оваа година имавме намалување на бруто  ликвидирани штети за 9.166 илјади денари, како и намалување на нето резервите за штети за 16.808 илјади денари.
  • Трошоците за бонуси и попусти се намалени за 4.492 илади денари споредено со претходната година поради одлуката за ограничување на употребата на одобрените попусти, главно во класа 3 (Осигурување на копнени моторни возила), како и класите 8 и 9 (Осигурување на имот од пожар и други осигурувања на имот);
  • Нето трошоците за спроведување на осигурувањето се зголемија за 9.654 илјади денари поради растот на трошоците за стекнување, односно промената во одложените трошоци за стекнување. Од друга страна, административните трошоци бележат намалување за 2.860 илјади денари;
  • Трошоци од вложувања се во износ од 880 илјади МКД и претставуваат намалување од 24% Намалувањето се должи на понискиот износ на амортизација поради продажба на значаен дел од вложувањата во недвижнини, како и понизок износ на вредносно усогласување/исправка на вложувањето во Триглав Живот;
  • Останати осигурително технички трошоци се во износ од 26.024 илјади МКД и ова претставува пад од 16%. Причината за падот е тоа што годинава имаме евидентирано пониски трошоци за учество во штетите за неосигурени и непознати возила (Национално Биро), како и пониски трошоци за пожарен придонес;
  • Вредносно усогласување на побарувањата е зголемена за 1.173 илјади МКД, додека во истиот период минатата година имаше ослободување на исправката во износ од 10.807 илјади денари;
  • Останатите расходи во деловната 2019 година се во износ од -2.000 илјади денари, што се должи на ослободување на исправка (вредносно усогласување) на регреси од 2.131 илјади денари.

 

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно