Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје имуна на коронавирусот, забележа профит од 25,7 милиони евра за девет месеци

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави дека во периодот од 01.01.2020 година до 30.09.2020 година оствари добивка пред оданочување во износ од 1.580.087 илјади денари. Во споредба со истиот период од минатата година, остварената добивка е помала за 17,8 % како последица на ефектите од пандемијата, кои се значителни како на глобално ниво, така и во домашната економија.

Појавата на пандемијата во текот на првиот квартал од оваа година предизвика сериозни импликации од здравствен и од економски аспект на глобално ниво. При првите знаци на пандемијата, Стопанска банка АД Скопје реагираше промптно со преземање мерки за заштита на здравјето на вработените и на клиентите во согласност со препораките на надлежните институции во земјата и најдобрите познати меѓународни препораки во овој домен. Истовремено, Банката ги презеде сите мерки за заштита на квалитетот на своето портфолио, како и обезбедување континуитет за непречено функционирање во новите околности. Во тие рамки Банката овозможи одложување на отплатата на кредитите во согласност со промените во регулативата направени од страна на Народна банка на РСМ,заради олеснување на последиците од пандемијата на своите клиенти, физички и правни лица. Во текот на целиот овој период, Банката им е на располагање на клиентите и со поддршка на сите програми што Владата на РСМ ги намени за ублажување на последиците од пандемијата, а кои се реализираат преку банкарскиот систем.

Раководството на Банката е активно вклучено во обезбедување услови како за непречено функционирање на целата инфраструктура на Банката така и за поддршка на потребите на сите клиенти во новосоздадените услови, како и на економијата и на општеството во целина. И во натамошниот период, развојот на кризата ќе продолжи да се следи активно и ќе се преземаат сите мерки и активности за ублажување на ефектите.

Нето-приходите од камати во анализираниот период изнесуваат 2.769.068 илјади денари и се зголемени за 2,0 % во однос на истиот период од минатата година. Тоа е резултат на порастот на вкупната актива за 4 % при остварен кредитен пораст од 9,1 %. Наведената промена е резултат на зголемување на оптималноста во користењето на изворите на средства на Банката во насока на зголемување на кредитното портфолио, при што, за разлика од претходните години, Банката бележи значаен пораст во делот на корпоративното кредитирање.

Нето-расходите од камати забележаа пад од 127.701 илјади денари, пред сè како резултат на континуираниот тренд на пад на каматните стапки, како глобално, така и во нашата економија.

Нето-приходите од провизии и од надомест изнесуваат 545.622 илјади денари и се намалени за 10,3 % во однос на анализираниот период во 2019 година, пред сè како резултат на глобалната пандемија, која имаше сериозни импликации на целата економска активност. Дополнително, сакаме да известиме дека Банката направи рекласификација на дел од оваа позиција со цел да се обезбеди поголема споредливост, односно на крајот на минатата година во оваа позиција се прикажани и дел од оперативните трошоци поврзани со картичното работење, кои претходно беа прикажувани во позицијата други оперативни трошоци.

Другите приходи од дејноста забележаа намалување од 31,6 %, додека, другите расходи од дејноста зголемување за 2,3 %.

Трошоците за вработени на крајот на третиот квартал од 2020 година изнесуваат 654.797илјади денари.

Во анализираниот период, СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 723.934 илјади денари, односно повеќе за 130.238 илјади денари, во споредба со истиот период минатата година.

Вкупната актива на СБ на 30.09.2020 година изнесува 103.631.452 илјади денари и е зголемена за 3.943.952 илјади денари или 4,0 % во споредба со крајот на 2019 година.

Паричните средства и парични еквиваленти во споредба со крајот на 2019 година се пониски за 4.938.449 илјади денари, односно за 22,6 %.

Кредитите на комитенти и побарувања од други комитенти изнесуваат 72.534.399 илјади денари и се повисоки за 6.036.300 илјади денари или 9,1 % во споредба со крајот на минатата година.

Кредитите на банки и побарувањата од банки изнесуваат 234.873 илјади денари и бележат намалување во однос на крајот на 2019 година од 8.460 илјади денари или 3,5 %.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.475.941 илјади денари и во споредба со крајот на минатата година бележат зголемување за 2.783.772 илјади денари или 32,0 %.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 71.016 илјади денари.

Позицијата вкупни депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) бележи зголемување за 1.877.643 илјади денари во споредба со истата позиција минатата година за истиот временски пресек.

Капиталот и резервите изнесуваат 16.706.192 илјади денари, што претставува зголемување за 9,5 % во однос на крајот на 2019 година, пред сè како резултат на остварената добивка.Дополнително, во јуни 2020 година Банката изврши зголемување на регулативниот капитал во износ од 15 милиони ЕУР во денарска противвредност со прераспоредувањето на добивката од 2019 година, со што се зголеми капиталната адекватност на Банката над пропишаните регулативни барања, која претставува поддршка на бизнисот и на идните перспективи на Банката.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижен имот, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата заклучно со 30.09.2020 година бележат намалување во однос на крајот на 2019 година за 8.470 илјади денари, односно 1,0 %.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30 %во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 535.591 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2019 година за 321.247 илјади денари.

Очекувања за претстојниот период

Најголемиот удар врз домашната економија предизвикан од пандемијата беше почувствуван во второто тримесечје од годината кога БДП регистрираше годишен пад од12,7 %. Притоа, кај расходната страна единствено јавната потрошувачка порасна, додека сите други компоненти беа негативни. Ризиците и неизвесноста продолжуваат и понатаму. Во многу држави во светот, вклучително и нашата, здравствената криза се засилува, со што се засилуваат и потенцијалите за негативни движења во економиите, како глобално, така и локално. Во однос на ценовните движења, ниската и стабилна инфлација го задржува својот тренд со помали притисоци од повисоките цени на електричната енергија и на храната. Дефицитот на тековната сметка во првата половина од годината достигна 2,1 % од БДП, слично како во истиот период минатата година. Поголем притисок се чувствува во фискалниот дел, при што буџетскиот дефицит заклучно со 30.09.2020 година изнесуваше 5,1 % од БДП, додека јавниот долг со состојба 30.06.2020 година достигна 60,3 % од БДП. Овој притисок се очекува да се намали по надминување на кризата.

Како и досега, Банката ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки и активности потребни за намалување на минимум на негативното влијание од кризата и приспособување кон новонастанатите услови во економијата и во општеството во целина.

Известување за промени во сметководната политика и во методите на вреднување

Во анализираниот период од 2020 година нема промени во сметководната политика и во методите на вреднување.

Исплатени дивиденди

Банката донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје за 2019 година. Притоа, во анализираниот период се исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 1.592.108 денари, односно бруто дивидендата по акција изнесуваше 7 денари. Право на дивиденда остварија сите иматели кои се стекнале со приоритетни акциите на СБ согласно датумот на пресек на акционерската книга 15.07.2020 година.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно