Connect with us

Компании

Штедилница Можности се стекна со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите

Објавено

на

Штедилница Можности во изминатиов период беше во постапка на верификација за стекнување Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Целиот процес е успешно завршен, односно Штедилницата го доби сертификатот и по тој повод, на 30.09.2021 година, се оддржа свечено доделување на сертификатот од страна на ОПМ.

Со стекнувањето на сертификатот верификувано е дека Штедилницата поседува:

  • Веродостојни продажни информации и практики;
  • Фер договорни и постпродажни практики;
  • Ја почитува регулативата поврзана со  заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност;
  • Финансиските услуги кои ги нуди се достапни преку различни канали и за различни категории на лица;
  • Одговорно управува со поплаки од потрошувачите и
  • Спроведува активности поврзани со едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Придобивките од добивањето на сертификатот се: препознавање на Штедилницата од страна на потрошувачите како институција која нуди фер финансиски услуги, зголемување на довербата кај клиентите и позитивен придонес кон конкурентската предност и нашата репутација на финансискиот пазар.

Сите деловни едници на штедилницата ќе добијат налепници од овој сертификат кои ќе бидат истакнати на видливо место за клиентите.

Штедилница Можности е членка на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА). Штедилница Можности работи под законска регулатива и надзор на Народната банка на РСМ.

Веб страна линк: http://moznosti.com.mk/news/можности-со-сертификат-за-фер-финанси/

Фејсбук линк: https://www.facebook.com/120890522638152/posts/679275123466353/

Компании

Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД. СКОПЈЕ

Објавено

на

Триглав осигурување Живот АД Скопје објавува оглас за пополнување на 1 (едно) работно место: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис

Објавено

на

Досегашното искуство на деловното работење кај нас, покажува дека фирмите најчесто се соочуваат со недоволно познавање на ликвидноста на бизнис – партнерите со кои соработуваат, како и со нивното подмирување на финансиските обврски, наплатата на побарувањата и уште со ред други неизвесности. (more…)

Продолжи со читање


Популарно