Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари раст на добивката од неверојатни 365%!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола, заклучно со третиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Во услови на бавно постковид закрепнување, кое и понатаму наметнува низа економски предизвици, Банката успешно ги остварува клучните стратешки цели дефинирани во Деловната политика, во развојниот и финансискиот план, при што клучна беше умешноста на менаџментот и на вработените за краткорочно приспособување и флексибилност во услови на работа што се карактеризираа со висок степен на неизвесност.

Финансиски перформанси на Банката

Во првите девет месеци од тековната година, напорите на Банката беа насочени кон наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, кои заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година, односно нето-добивка во износ од 382,66 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 364,66% споредено со истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година се задржаа на релативно стабилно ниво, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година. Фокусот на контрола на расходите по камати придонесе за нивно намалување од 9,96%, со што во голема мера се компензираше намалувањето од 4,45 % на страната на приходите од камати, кои неминовно го следат надолниот тренд на активните каматни стапки во банкарскиот сектор, намалувањето на основната каматна стапка на НБРСМ, а воедно ја одразуваат и намалената економска активност како последица на ковид-кризата. Следствено, нето-приходите од камати се пониски за само 4,76 милиони денари, односно 2,18% споредено со остварените во периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2021 година во оваа позиција изнесува 80,59%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци забележаа солиден раст од 13,73%, односно 13,30 милиони денари споредено со периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран позначаен годишен раст од 20,73 милиони денари, додека расходите пораснаа за 7,43 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за третиот квартал од 2021 година за 19,54%.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 12,47%, што главно е резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај во претходната година. Исто и во оваа позиција реализацијата е поголема од планот за третиот квартал од тековната година за 15,57%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 301,69 милиони денари, што генерално се должи на ослободената исправка на вредноста од наплатата на претходно отпишано побарување нетирано со резервациите за пласмани според проценките на ризик. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 15,77 милиони денари, следствено на продажба на дел од преземениот имот во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,72% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,33%. Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ, а реализацијата на планот изнесува 91,53%. Амортизацијата е зголемена за 14,27% на годишна основа, а планот е остварен со 83,52%.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата во услови на присутна неизвесност, пред сè од расположливоста и движењето на цената на енергенсите во глобални рамки и во домашната економија. Во согласност со Деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и поддршка на економијата преку кредитирање бонитетни клиенти – правни и физички лица, кон понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилени мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел да се приспособи понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент, а воедно и да се следи процесот на забрзана дигитализација во земјите во развој како последица на ковид пандемијата. Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно