Connect with us

Домашни банки

„Стандард и Пурс“: Севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба

Објавено

на

Во рамките на извештајот со којшто агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја на „ББ-“, со стабилен изглед, од Агенцијата се осврнуваат и на монетарната политика, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и на состојбите во банкарскиот систем.

Изнесувајќи ги своите согледувања за монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на корона-кризата, од „Стандард и Пурс“ заклучуваат дека олабавената монетарна политика обезбеди поддршка на економијата. Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, во рамките на извештајот се посочени согледувањата и оцените на Агенцијата за задржувањето на неговата стабилност. Имајќи предвид дека краткорочните капитални текови не се застапени, според оцените на Агенцијата, тоа значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е соодветно и дека на крајот на 2020 година е повисоко во споредба со крајот на 2019 година, што е значајно за стабилноста на домашната валута. Исто така, според оцените на „Стандард и Пурс“, она што е значајно за стабилноста на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. 

Банкарскиот систем е стабилен“ – истакнуваат од „Стандард и Пурс“, посебно нагласувајќи го ниското ниво на нефункционалните кредити. Притоа, во извештајот, од Агенцијата се осврнуваат и на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, при што напоменуваат дека тоа немавлијание врз стабилноста на банкарскиот систем. „Стандард и Пурс“ во извештајот заклучува дека севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба. Притоа, ја нагласуваат важноста на задржувањето на довербата.

Според оцените на Агенцијата, македонската економија има капацитет и простор за соодветно надминување на периодот на неизвесноста предизвикана од пандемијата. Презентирајќи ги своите проекции и видувања за македонската економија, од „Стандард и Пурс“ посочуваат дека евроинтеграцискиот процес може значително да придонесе за јакнење на институционалниот потенцијал и за спроведувањето на структурните реформи, што може да биде основа за подобрување на кредитната оцена на земјата од страна на Агенцијата во наредниот период.

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Објавено

на

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно