Осигурување
Standard & Poor’s го потврдија „А“ рејтингот на Сава Ре и Заваровалница Сава

Согласно редовниот годишен преглед на рејтингот, Агенцијата за кредитен рејтинг “Standard & Poor’s” го потврди силниот рејтинг „А“ за финансиска моќ на Сава Ре а.д. и Заваровалница Сава а.д.
Како што се наведува, прогнозата е „ стабилна“.
Во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг, како јаки страни на Сава Осигурителна Групација се:
- Воспоставена и стабилна позиција на словенечкиот пазар;
- Солидна капитализација (“AAA” ниво);
- Конзервативна инвестициска политика.
Како друга силна страна на Групацијата е исто така претпазливоста во осигурувањето комбинирано со конзервативната заштата на реосигурувањето, што ги поддржува и перформансите на работењето.
Агенцијата смета дека Сава Осигурителна Групација уште повеќе ја зацврсти својата позиција на словенечкиот осигурителен пазар по успешната консолидација со Вита. Агенцијата верува дека Групацијата ќе продолжи да ги користи своите обемни дистрибутивни способности и пристапот чиј фокус се клиентите, со цел да го зголеми профитабилниот раст од поволните пазарни услови во Словенија. Од “Standard & Poor’s” исто така, веруваат дека добрата осигурителна профитабилност на Групацијата ќе ја оддржи нејзината стабилност, дури и кога побарувачката се нормализира по забавувањето за време на прекините предизвикани од КОВИД-19.
Стабилната прогноза за основните оперативни субјекти на Групацијата е одраз на очекувањето на Агенцијата дека менаџментот на Групацијата ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија за профитабилен раст, додека дополнително ќе ги диверзифицира премиите и изворите на приходи.
И покрај интеграцијата на Вита и потенцијалниот пресврт во економскиот циклус, Агенцијата очекува Групацијата да оддржува силен биланс на состојба со силна капитализација и стабилна и голема заработка во следните две години, што ќе овозможи Групацијата да продолжи да ги развива своите домашни и странски операции.
Осигурување
Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на АСО – стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при УКИМ

Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании. (more…)
Осигурување
Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување. (more…)
Осигурување
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје