Connect with us

Осигурување

Standard & Poor’s го потврдија „А“ рејтингот на Сава Ре и Заваровалница Сава

Објавено

на

Согласно редовниот годишен преглед на рејтингот, Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс го потврди силниот рејтинг „А“ за финансиска моќ на Сава Ре а.д. и Заваровалница Сава а.д. Како што се наведува, прогнозата е „ стабилна “.

Во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг, како јаки страни на Сава Осигурителна Групација се:

  • Воспоставена и стабилна позиција на словенечкиот пазар;
  • Солидна капитализација (“AAA” ниво);
  • Конзервативна инвестициска политика. 

Како друга силна страна на Групацијата е исто така претпазливоста во осигурувањето комбинирано со конзервативната заштата на реосигурувањето, што ги поддржува и перформансите на работењето.

Агенцијата смета дека Сава Осигурителна Групација уште повеќе ја зацврсти својата позиција на словенечкиот осигурителен пазар по успешната консолидација со Вита. Агенцијата верува дека Групацијата ќе продолжи да ги користи своите обемни дистрибутивни способности и пристапот чиј фокус се клиентите, со цел да го зголеми профитабилниот раст од поволните пазарни услови во Словенија. Од Стандард енд Пурс исто така, веруваат дека добрата осигурителна профитабилност на Групацијата ќе ја оддржи нејзината стабилност, дури и кога побарувачката се нормализира по забавувањето за време на прекините предизвикани од КОВИД-19.

Стабилната прогноза за основните оперативни субјекти на Групацијата е одраз на очекувањето на Агенцијата дека менаџментот на Групацијата ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија за профитабилен раст, додека дополнително ќе ги диверзифицира премиите и изворите на приходи. И покрај интеграцијата на Вита и потенцијалниот пресврт во економскиот циклус, Агенцијата очекува Групацијата да оддржува силен биланс на состојба со силна капитализација и стабилна и голема заработка во следните две години, што ќе овозможи Групацијата да продолжи да ги развива своите домашни и странски операции. 

Компании

Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

Објавено

на

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Склучено партнерство за соработка помеѓу Триглав осигурување Живот и Силк Роуд Банка – полесен пристап на клиентите при склучување на животно осигурување

Објавено

на

Банкоосигурувањето како иновативно и стратешко партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Полисата за осигурување на живот многупати се докажала како финансиски инструмент со многу привилегии, па затоа Силк Роуд Банка АД Скопје во својата палета на производи вклучи и небанкарски производ – осигурување на живот за корисници на кредит со полиса од Триглав осигурување Живот АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За девет месеци се зголеми обемот на работење, добивката е на минатогодишното ниво

Објавено

на

Групацијата Триглав постигна добри резултати во првите три квартали оваа година и покрај отежнатите услови за работа. Во споредба со истиот период минатата година, ги зголеми вкупните приходи за 10% на 1.241,1 милиони евра, оствари поволна вредност на комбинираниот коефициент од 89,5% и обезбеди 89,2 милиони евра профит пред оданочување, што е 3 проценти помалку од истиот период минатата година. Резултатите оваа година се под влијание на зголемениот обем на работа, успешното управување со инфлацискиот притисок и другите влијанија од животната средина, како и поинтензивните оштетни побарувања и негативните приноси на финансиските вложувања. Групацијата ја задржа својата финансиска моќ со капитална адекватност во својот целен опсег. Се проценува дека оваа година ќе го постигне планираниот годишен профит, но истовремено предупредува дека ризиците од постигнување на целната добивка се значително зголемени поради негативните влијанија од деловното опкружување. Во следната година, се очекуваат многу отежнати услови за работа, во кои што доследно ќе ги спроведува своите стратешки развојни активности, ќе го зголеми обемот на работа, ќе ја задржи финансиската моќ и ќе работи безбедно и профитабилно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно