Останато
Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Тиквешки семејни винарии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на малите винарии, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Тиквешки семејни винарии Горан Јаковлевски.
Ангелоски истакна дека малите семејни винарии произведуваат вино со врвен квалитет од одбрани сорти на грозје што нивниот краен производ го прави уникатен и посебен.
„Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи тие се оние кои вработуваат голем број на луѓе и ја движат економијата. Малите семејни винарии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности кои ќе се наметнат како потребни“, изјави Ангелоски.
Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на малите семејни винарии пред сите домашни и меѓународни организации и институции; поддршка во развојот на вина од македонски автохтони сорти и унапредување на извозот на вино во шишиња; заеднички настап на извозните пазари; поддршка во градење препознатливост на вината на малите семејни винарии на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.
Во рамките на соработката оваа година Сојузот се јавува како поддржувач на настанот „Тиквешки вински салон“ кој ќе се одржи на 17-тидекември во Ангро Палас во Кавадарци. На манифестацијата ќе се претстават 35 мали семејни винарии, над 200 етикети на вино и 5 дестилерии со вињак и ракија.
Во земјава има регистрирано 76 мали семејни винарии кои годишно произведуваат околу 500 илјади литри вино. Во Здружението на Тиквешки семејни винарии иднината на лозарството и винарството ја гледаат во отворање на стотици мали винарски визби, но и во развој на винскиот туризам за кој има голем интерес, не само кај домашните, туку и кај странските гости.
Останато
Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)
Останато
ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка