Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка го одбележува првиот роденден по интеграцијата со Охридска банка

Објавено

на

Денес е првиот роденден на интегрираната Шпаркасе Банка, откако пред точно една година се случи историскиот момент на спојување на Охридска и Шпаркасе Банка со кој се испиша ново поглавје во македонска банкарска историја.

На 19.07.2021 година, двете банки ја започнаа својата заедничка приказна и станаа поголема, посилна и помоќна Банка, знаејќи дека Заедно можат повеќе!

Голема благодарност до нашите акционери за силната поддршка и експертизата која ни ја пружаат континуирано, до сите институции кои покажаа разбирање и ефикасност и излегоа во пресрет на потребите на проектот за интеграција, особена благодарност до нашите вработени за нивниот труд, ангажман и посветеност, како и на нашите клиенти за укажаната доверба, лојалност и трпение во текот на самиот проект за интеграција и последователно во периодот на стабилизација.” – велат од Шпаркасе.

Истакнуваат дека во иднина посветено ќе работат на визијата да бидат прв избор за клиентите и вработените, водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно