Connect with us

Останато

Со плаќање на 10 проценти данок ќе можете да ги легализирате „црните” пари!?

Објавено

на

Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10 отсто данок, или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница. Оваа можност вчера ја најави премиерот Зоран Заев, како една од повеќето мерки кои ќе бидат преземени во наредната година со цел да се зголеми економската активност во земјава. Тој не прецизира колку средства се очекува да се приберат на ваков начин.

„Пред да се донесе законот за потекло на имот за кој разговараме со Европската унија, ќе дадеме отворена можност за сите домашни физички лица кои што имаат готовински пари, а се надвор од системот, да ги стават на свои сметки со тоа што ќе платат 10 проценти данок и во рок од две години ќе треба да ги инвестираат парите – да си купат стан, куќа, возило, акции, или било што. Барем еднаш да ги инвестираат, а доколку не го сторат тоа ќе треба да платат уште 10 проценти“, рече Заев.

Втората опција, која што ја објасни премиерот, е ваквите пари да се инвестираат во бескаматна државна обврзница.

„Еве можност да го промовираме и тоа – во државната обврзница ќе можат да ги инвестираат своите готовински пари. Не парите од сметки, туку готовинските пари за државна обврзница и така да го помогнат растот и развојот во државата“, рече Заев, објаснувајќи дека допрва ќе се утврдува рочноста на обврзницата, дали ќе биде на 10 или на 15 години.

„На ваков начин ќе може да ги вложат своите пари во функција на економскиот раст и развој на државата, а обврзниците ќе можат да ги инкасираат секој пат со одредени дисконти“, додаде Заев.

Државната развојна обврзница беше спомената како новина во начинот на финансирање на буџетскиот дефицит кој наредната година ќе изнесува 4,9 проценти од БДП, или околу 530 милиони евра, од кои 275 милиони евра ќе се бараат на домашниот пазар.

Колку пари има во државата кои се надвор од системот е тешко да се процени. Премиерот Заев зборувајќи за мерките против сивата економија вчера рече дека даночната евазија според ММФ е околу 36 отсто, а според државните институции е 32- 33 проценти.

Тој рече дека борбата против сивата економија е голем мегдан, но е неопходен за навистина да имаме сериозен економски раст и развој.

Според податоците на Народната банка граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имале 278.469.000.000 денари, од нив денарски се 145.806.000.000 денари, а во странска валута 132.663.000.000 денари.

Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112.505.000.000 денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79.641.000.000 денари, а во странска валута 32.865.000.000 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера изјави дека борбата против сивата економија не треба да се води само преку законот за регистрирање на готовинските плаќања, туку пред се преку законите за ДДВ, за данокот на добивка, данокот на личен доход…

„Секако, сметаме дека во 2021 ќе имаме засилени контроли во делот на потеклото на имот кај граѓаните согласно Законот за данок на личен доход“, рече Лукаревска за „Топ тема” на Телма.

Инаку, во изминатите десетина години во неколку наврати било актуелизирано прашањето за даночна амнестија. Под овој поим во стручната литература се подразбира ограничена временска можност за одредена група на даночни обврзници да платат одредена сума, во замена за прошка на даночен долг (вклучително камати и казни), поврзани со претходен даночен период и без страв од кривично гонење. Во некои случаи, законодавството наметнува построги казни за оние кои не ја искористиле можноста за даночна амнестија.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно