Лични финансии
Smart Мoney Тalks – бесплатни вебинари за покренување на свеста за финансиската писменост кај младите


Соочени со пандемијата КОВИД-19 која директно влијае на економијата во светски размери, повеќе од кога било сме свесни дека управувањето со личните финансиите може да биде навистина голем предизвик, особено кога доаѓа до промена во потрошувачките навики. Финансиската писменост е повеќе од потребна во претстојниот период, особено помеѓу младите кои што допрва треба да научат како разумно да раководат со личните финансии.
Токму затоа, Глобал Шејперс Скопје Хаб (Global Shapers Skopje Hub) со серијалот на вебинари „Smart Money Talks“ („Разговори за паметни пари“) сака да го доближи знаењето на експертите во областа на финансиска писменост и рационално раководење со личните финансии до младите. Целта е да го подобриме знаењето за финансиска писменост кај младите и активно да дискутираме на оваа тема.
Серијалот „Smart Money Talks“ ќе има пет вебинари – почнувајќи со првиот во среда (19 август 2020 година) од 19 часот кој ќе биде на тема „Како бизнисите се справуваат со Ковид-19 кризата“. Ова се актуелните теми на кои ќе дискутираат говорниците во август и
септември:
1. Како бизнисите се справуваат со Ковид-19 кризата
2. Финансиска стабилност во време на пандемија
3. Финансиски измами и перење пари
4. Како да управуваме со личните финансии за време на Ковид-19
5. Како финансиските институции се справуваат со Ковид-19 кризата
Вебинарите се бесплатни и ќе се одржат на македонски јазик преку платформата ZOOM. Доколку сакате да бидете дел од овој настан, пријавете се на следниот линк или следете го Global Shapers Skopje Hub на социјалните медиуми.
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
Лични финансии
Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје