Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка учествуваа со 9,4 милиони евра во вкупната добивка на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата

Објавено

на

Во 2020 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата започна да опслужува повеќе од 800.000 клиенти за првпат, докажувајќи дека е сигурен, стабилен партнер во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија.

Резултат за 2020 година

Профитот на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата за периодот по оданочувањето во 2020 година изнесувше 80 милиони евра и се намали за 59% во споредба со претходната година. Како резултат на пандемијата, најголемите фактори што влијаеја беа: повисоките провизии за ризиците, проценетите резултати на малцинските сопствености и намалените заработки од подружничките банки. Вкупните средства на Групацијата се искачија на 18,5 милијарди евра.

Како матична компанија, Штаермеркише Шпаркасе, со вкупна актива од 16,5 милијарди евра, како и претходните години, има најголем удел во вкупната актива на Групацијата. Оперативниот резултат изнесуваше 205 милиони евра. Во 2020, основната стапка на капитал во Групацијата се зголеми на 19,5% и коефициентот на адекватност на капиталот се зголеми на 21,3%. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе делува на високо меѓународно ниво. Капиталот на Групацијата изнесуваше 1,8 милијарди евра на крајот на 2020 година, што претставува зголемување во споредба со 2019 година. Сите три деловни области – физички лица, комерцијалното банкарство и меѓународните трансакции, постигнаа позитивни и задоволителни резултати. И покрај условите полни со предизвици како резултат на пандемијата, Штаермеркише Шпаркасе ги опслужуваше своите клиенти како сигурен финансиски партнер, дигитално и преку локалните региони.

Сепак и покрај високиот пад на добивката на Групацијата, македонските банки (Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка АД Скопје) работеа одлично во 2020 година и генерираа респектабилни резултати.

Шпаркасе Банка Македонија генерираше добивка од 4,6 милиони евра, која беше значително над планираните резултати. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 9,8%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 56%. Приспособувањата на повисоката вредност беа неутрализирани со решавање поголеми проблеми.

Дополнителните трошоци што настанаа како резултат на подготовките за спојувањето со Охридска банка и преземањето мерки во врска со ковид-19 беа неутрализирани со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка од 10,1%, а депозитите на клиентите со стапка од 3,2%.

Охридска банка во Северна Македонија, која беше преземена во ноември 2019 година, генерираше добивка од 4,8 милиони евра, што е помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 6,4%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 49,4%. Како резултат на ковид-19, приходите останаа пониски од планираните и не можеа да се надоместат со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка 6,4%, а депозитите на клиентите со 1,6%. Проектот за спојување на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка продолжува и покрај влијанието на ковид-19. Спојувањето се очекува да биде завршено во 2021 година.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно