Connect with us

Странски банки

Sberbank на првото место меѓу банките од Централна и Источна Европа

Објавено

на

Sberbank го зазеде првото место во однос на банките од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), спроведена од магазинот ,,The Banker”. Британскиот магазин кој е основан во 1926 година,  ,,The Banker” е клучен извор на податоци и анализа на финансиската индустрија.

Споредување ,,Топ 1000 светски банки” што ги спроведува поставува мерна единица во индустријата веќе од 1970 година, обезбедувајќи сеопфатни информации за здравјето на банкарскиот сектор.

Регионално споредба на банките во земјите од централна и источна Европа е составен дел од годишната споредба ,,Топ 1000 светски банки”.

Критериуми кои одредуваат рангирање се профитабилноста, стапката на враќање на капиталот и основниот капитал (Tier 1), а податоците се преземени од годишните извештаи за 2017 година.

Sberbank е најголемата руска банка – кредитор кој понатаму го прошири лидерството со зголемување на капиталот за речиси 30% во однос на претходната година. Во глобалната реорганизација ,,Топ 1000 светски банки” Sberbank сега зазема 31 место, со што нејзината позиција е поместена однапред за пет места во однос на претходната година.

Според ,,The Banker” анализата, руските банки доминираат во споредба со банките од Централна и Источна Европа, земајќи ги предвид основниот капитал и профитабилноста.

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange