Connect with us

Кредити

Relax кредит со животно осигурување од Халкбанк со „релаксирани“ услови до 15 декември

Објавено

на

Халкбанк излезе во пресрет на потребите на населението за задоволување најразлични потреби со што поповолни банкарски услуги и го креираше Relax ненаменскиот потрошувачкиот кредит со животно осигурување за кој, во промотивниот период до 15 декември, камата е 5% фиксна во првите две години и истиот е со 0% трошоци за обработка и предвремена отплата.

Максималниот износ на кредитот е до 1.200.000 денари, а предвидениот рок на отплата е до 120 месеци со што корисниците добиваат можност релаксирано, во подолг временски период, да го отплаќаат кредитот кој може да го користат за задоволување на најразлични тековни потреби, но исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Полисата за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, пак, за кои Халкбанк е лиценциран застапник, овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, но дава и сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

За Relax потрошувачки кредит со животно осигурување може едноставно да аплицирате онлајн, од компјутер, лаптот или мобилен телефон, на следниот линк, при што е потребно само да ја внесете висината на месечните примања и контакт податоците, по што ќе ве контактира вработен во Банката кој детално ќе ве води кон следните чекори. Но исто така, може да се аплицира и во најблиската филијала на банката. Пред аплицирањето, со кредитниот калкулатор, можете да проверите колкава ќе ви биде висината на ратата за бараниот износ и рок на отплата.

Кај Relax ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување, во промотивниот период до 15 декември не се наплаќа провизија за обработка. Исто така, сите корисници на кредитот, во случај на негова предвремена ликвидација, нема да имаат обврска за плаќање провизија. Единствени трошоци за кредитот се наплата на 350 денари за проверка на кредитната историја во Кредитно биро и 150 денари за апликација, но истите се наплаќаат само ако кредитот е одобрен, пред неговата исплата. За одбиени или откажани барања не се наплаќа надоместот. Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

Сите информации за Relax ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување кој во промотивниот период до 15 декември е со 5% фиксна каматна стапка за првите две години и 0% трошоци за обработка и предвремена отплата може да ги добиете на следниов линк.

Кредити

Потрошувачки кредит од Халкбанк за здравствени работници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје подготви специјален производ – Потрошувачки кредит за здравствени работници, кој е со фиксна каматна стапка од само 4% во првите две години, односно 5% каматна стапка варијабилна во останатиот период на отплата и со можност за користење грејс период од 6 месеци. Со новиот производ, Халкбанк излегува во пресрет на здравствените работници кои се наши херои бидејќи се во првите „борбени редови“ во ова време на пандемија предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Четвртиот пакет на економски мерки носи нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

Објавено

на

Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на
Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

– Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
– Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.

Продолжи со читање

Популарно