Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката.
Документот на образецот ПП30 и начинот на пополнување при уплата на средствата од кредитна линија КОВИД1 во презентираме во продолжение:
1. Во елементот “цел на дознака”, кој е алфанумерички податок е содржан опис на намената и основата за плаќање заради кој што е воспоставен налог, односно се внесува на пр: уплата на кредит по договор бр.ПКФ/ДИР/О/720.
2. Елементот “назив и седиште на примачот”, е алфанумерички податок кој го означува примачот на средствата. Го пополнува учесникот и во тоа поле се впишува називот и седиштето на правното лице на начин како што е заведен во Централниот регистар,односно: Министерство за финансии-посебен кредитен фонд.
3. Елементот “Трансакциска сметка на примачот”, (број на трансакциска сметката на примачот) претставува податок од 15 нумерички знака кои го претставуваат бројот натрансакциската сметка на клиентот во чија полза се врши плаќањето, односно:100000000064647.
4. Елементот “банка на примачот”, е алфанумерички податок кој кој укажува на називот на банката каде се наоѓа сметката на налогодавачот, односно: НБРСМ .
5. Во елементот “повикување на број”, (при одобрување) се впишува нумерички податок кој с е содржи во доставениот план за отплата, на пример: 0041016007372 .
6. Елементот “шифра” (на плаќањето), е нумерички податок сочинет од три нумерички знака кој го пополнува учесникот, согласно со основата за плаќање, наведена во Шифрите на плаќање кај единствените платни инструменти, на пример:460
7. Елементот “начин” (на плаќањето), е нумерички податок кој го заведува налогодавачот,и укажува дака подносителот бара да се изврши уплатата преку МИПС –се впишува 1.
Во продолжение презентираме пример за пополнет образец ПП30:
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје