Connect with us

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена.

“Во моментов, во неколку земји од Централна и Источна Европа се спроведува консолидација на банкарскиот сектор во кој Рајфајзен сака да учествува”, изјави извршниот директор на RBI, Јохан Штробел, додавајќи дека, особено интересни земји за инвестирање се Чешка, Словачка, Бугарија и Србија.

Штробел додаде дека на релевантните пазари, на кои RBI веќе постои, сака дополнително да расте и да напредува преку купување на помали банки, доколку цената и окружувањето одговараат со нивната долгорочна стратегија.

На прес-конференцијата за медиумите, Банката меѓу другото ги презентираше и остварените резултати за изминатата 2018 година. Управата на RBI, додаде дека ги следи јавните и полу-јавни дискусии за приватизацијата на Комерцијална банка а.д. Београд, притоа истакнувајќи дека процесот на продажба сеуште не е започнат, пренесува австриската новинска агенција АПА.

Министерот за финансии, Синиша Мали минатата недела објави дека тендерот за изнаоѓање стратешки партнер ќе биде објавен во мај и дека целата постапка би требало да се заврши до крајот на годината.

“Очекувам најмалку две референтни понуди и најважно од се, процесот да биде транспарентен. Во меѓувреме, компанијата Лазард, кој неодамна ја избравме како консултант, ќе ја подготви документацијата и на државата ќе им ги претстави најдобрите и најсоодветни решенија. Кои се потенцијални партнери, во моментов немам информација. Единствено важно е тие да ги исполнат условите што ги пропишува Народната банка на Србија”, изјави министерот за финансии, Синиша Мали.

Белградските медиуми во изминатиот период шпекулираат со неколку компании, потенцијални партнери кои пројавуваат интерес за купување на Комерцијална банка а.д. Београд. Во моментов во јавноста кружат имиња на пет домашни и странски инвеститори – три стратешки компании кои веќе имаат искуство во банкарскиот сектор и два инвестициони фондови на кои банкарството не им е примарна дејност.

Република Србија во Комерцијална банка а.д. Београд поседува 42% од акциите, Европската банка за обнова и развој има 24,4%, а Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која е дел од Светската банка, има 10% сопствеништво.

Странски банки

Банките во Србија и годинава нема да исплаќаат дивиденда, како ќе постапат домашните банки?

Објавено

на

Банките кои работат во соседна Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Арчибалд Кремсер, членот на УО на НЛБ: Сигурни сме дека ќе бидеме водечка банкарска групација во регионот

Објавено

на

Неодамна назначениот Управен одбор на Комерцијална банка а.д. Белград се состана на 5 јануари на својата прва седница откако НЛБ д.д. успешно го комплетираше преземањето на Комерцијална банка на 30-ти декември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Хакирана Централната банка на Нов Зеланд

Објавено

на

Централната банка на Нов Зеланд беше мета на хакери, кои како што беше објавено, веројатно успеаја да добијат приватни податоци на дел од корисниците, но и на самата банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно