Connect with us

Домашни банки

Quo vadis, Стопанска Банка АД Скопје?

Објавено

на

Остануваме и понатаму доследни да ја известуваме јавноста за најновите настани во спорот што го имаат акционерите на Стопанска Банка АД Скопје. Последните настани во изминатите три недели не натераа да го поставиме прашањето “Quo vadis, Стопанска Банка АД Скопје?”.

Quo vadis, Domine? (Каде одиш, Господе?) е прашањето кое според легендата го поставил Свети Петар, при прогонот на христијаните од Рим, во времето на владеење на римскиот цар Нерон (54-68 н.е.), кога го сретнал Исус Христос на Вија Алија (Via Appia), на тоа прашање Исус му одговорил: Venio Romam iterum crucifigi (Одам повторно да бидам распнат). Тој одговор го натерало Свети Петар да се врати во Рим и да продолжи со своето учење, каде покасно бил мачен и каде починал. На местото каде што се сретнале подоцна е подигната црква Кво вадис. Денеска ова прашање го поставуваме кога сакаме некому да кажеме дека избрал погрешен пат.” (извор: Википедиа на македонски јазик)

Првиот настан е пристигнување на жалбата што Банката ја вложи против пресудата со која судот ги поништи одлуките за распределба на добивката за 2018 година и за гарантираната дивиденда на приоритетни акции за 2018 усвоени на годишното Собрание на акционери во 2019 година. Во жалбата на 21 (дваесет и една) страна, како и во поднесоците доставувани во првостепената постапка, се повторуваат паушалните толкувања на законските одредби, негирањата на одредниците од членови од законите. Во жалбата употребени се зборовите “неосновано” 61 пати, “неточно” 20 пати, “спротивно” 35 пати, и дека приоритетните акции се “кумулативни” 90 пати.

Во жалбата за прв пат Банката му се закани на судот, бидејќи судот со пресудата “ја изложува на материјален ризик државата” и тоа можело да биде основ мнозинскиот акционер да побара штета. Но, Банката во жалбата наведува дека тројката инвеститори НБГ-ЕБРД-ИФЦ “добија гаранција од Државата, помеѓу другото, дека единствените права кои ги имаат сопствениците на приоритетните акции се оние кои се содржани во одлуките за нивно издавање”.

Господа од Банката!

Управувачкиот пакет тројката го стекна во 1999 година, а запишувањето на акциите во ЦДХВ беше две години подоцна во ноември 2001 година, кога акциите беа конвертирани од материјален во електронски облик. Тогашните раководители на Банката кон пријавата на податоците во ЦДХВ доставија изјава за точност на податоците. Согласно член 50 став 1 од ЗХВ “Издавачот е целосно одговорен за точноста на податоците за хартиите од вредност кои се доставуваат до депозитарот за регистрирање”. Одговорното лице на издавачот во Изјавата наведува дека (член 14 став 1 алинеја ѓ) “емисијата е во согласност со овој закон и со актот за издавање, податоците наведени во барањето за одобрение се вистинити и точни и податоците содржани во Проспектот се вистинити и точни и дека во Проспектот не е пропуштена ниедна ценовно чувствителна информација, освен ценовно чувствителните информации чие необјавување е одобрено од Комисијата”.

Затоа Господа, неможе ЦДХВ да ги одредила правата на акциите нити пак потврдата што таа ја издава да ви биде доказ дека приоритетните акции се само кумулативни.

Две години време (1999-2001) имаше Банката да ги разбере правата и да ги научи наизуст, и да ги пријави помеѓу податоците за акциите на банката. Четири строфи (“права”) се! Ова сега што го прави Банката водејќи судски процеси е малтретирање на акционерите, од кои голем дел се нејзини поранешни вработени, сега пензионери, кои и денес напамет знаат да ја изрецитираат “Тешкото” од Блаже Конески.

“Заканата” првпат беше најавена на состанокот на 11.6.2019 што го имаа тројца акционери иматели на приоритетни акции со шестчлениот тим од највисок ранг на Банката. Судска разрешница ќе имало во судот во Лондон (демек НБГ ќе ја тужи Македонија), така тогаш ни порачаа. Искуствено, Македонија добива меѓународни спорови.

Сфаќајќи ја информацијата сериозно, акционерите побараа увид во Договорот со кој е продадена Банката. На увид беа дадени само дваесетина страни кои не беа по ред, и делови на страните беа покриени. Увидот мораше да се направи во Банката, бидејќи информациите беа “врвна тајна”. Верувале или не, во тој извадок, кој беше на англиски, еднаш не беше застапен терминот “приоритетни акции” (анг. “preferred shares” или “preference shares”). Со тоа се сложи и лицето во кабинетот, кој будно го следеше увидот. Па акционерот искоментира “тогаш, зошто го правите ова!”. Лицето одговори “Не знам!”.

Така, Договорот кој не е приложен како доказ во предметот, нема да го цени Апелација и веруваме дека заканата ќе ја оцени како несериозна и беспредметна. А, во Лондон!? Ве охрабруваме да тргнете! Претходно, навиките да се променат, оти таму се вози од лева страна.

Вториот настан е уште повеќе за неверување. Настанот содржи овој пат казна. Во изминатите три години, Банката казнува вработени кои сакаат да се пензионираат предвреме. Имено, сите што ќе се пријават за предвремена пензија добиваат отпремнина од 10.000 евра односно 5.000 евра, зависно колку години имаат до пензија. Казната се однесува на вработените кои одлучија да ги бараат своите права од приоритетни акции и таа гласи “Сакаш права, нема отпремнина!”. Како да не им се доста три тужби, сакаат уште.

Со оваа информација очекуваме да се позанимава синдикатот на Банката, Сојузот на синдикати каде членува банковиот синдикат, но и надлежните институции кои треба да постапат “по допрен глас”, за да завладее ред во Банката. Но, тоа не е доволно. Потребно е да се изрази колегијалноста, за што Синдикатот треба да размисли. Да не дојде како пред скоро 20 години кога беа одземени и продадени одморалиштата градени со пари на вработените, и никој глас не испушти.

А, Господата од Банката ги потсетуваме на Кодексот на Етика што го има усвоено Банката:

  • Од клучно значење и одговорност е сите ние да ги разбереме и да ги следиме принципите од Кодексот и да се воздржуваме од деловни практики што би ја загрозиле репутацијата на Стопанска банка АД – Скопје,
  • Банката искрено ја изразува својата заложба за интегритет и зачувување на високото ниво на етичко однесување во сите нејзини активности,
  • Кодексот служи како насока за соодветно однесување на вработените и истиот значително придонесува во заштитата на интересите на вработените, клиентите и акционерите, врз основа на јасни структури на управување, со што истовремено почитувањето на стандардите утврдени со Кодексот овозможува јакнење на стабилноста, ликвидноста и репутацијата на Банката,
  • Како таков, бидејќи е признат како клучен документ што ги зема предвид одредбите од националното и меѓународното законодавство, како и етичките и моралните вредности поврзани со работењето на банките воопшто, истиот се одобрува како Кодекс на етика на Стопанска банка АД – Скопје

Третиот настан, произлегува од стратегијата која Банката ја користи во одбраната во судскиот предмет во која 430 акционери ја тужат Банката. Во недостаток на аргументи, Банката приложи доказ за неодамна починат вработен кој беше во групата “430”, и побара предметот каде припаѓа починатиот тужител да биде стопиран. Но, целта не им е еден тужител, туку целата група од пет тужители да биде стопирана. Човек да се наежи!

И што друго да кажеме! Сето ова што го прави Банката не само во изминатите три седмици, туку во изминатите скоро три години, нас акционерите `не направи морални победници. Освоивме една титула! Ќе има уште!

“Quo vadis, Стопанска Банка АД – Скопје?”

Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје

Домашни банки

МБА ја поддржа Одлуката на Народна банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците

Објавено

на

На 03.03.2021 се одржа седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), на која беше разгледана Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денес, 04.03.2021 (четврток)изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички,средствата се веќе достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од денес започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати денес, 4– ти март. (more…)

Продолжи со читање



Популарно