Домашни банки
Силк Роуд Банка со признание од VISA за издавањето на првата бизнис припејд картичка во државата


Силк Роуд Банка АД Скопје доби признание од VISA по повод лансирањето на првата VISA Business припејд картичка во државата наменета за компании.
Mинатата година беше лансирана првата VISA припејд картичкa за правни лица во државата како дел од успешната соработка во изминатата година помеѓу Банката и VISA.
VISA Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоците при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените. Картичката е со максимална вредност до 1.440.000 денари и е поврзана со трансакциската сметка на компанијата во Банката. Картичката може да се користи за бесконтактни плаќањa при подмирување на секојдневните службени трошоци на компаниите во земјата и странство, за подигнување готoвина од банкомати и за интернет плаќања, како и можност за одредување на дневен лимит за плаќања кои компанијата самостојно може да ги одреди и е без трошоци за годишна членарина.
Силк Роуд Банка упатува благодарност до VISA кои го увидоа потенцијалот за соработка со Банката во лансирањето на единственaта бизнис припејд платежна картичка на домашниот пазар.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година


Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)
Домашни банки
УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години


Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)
Домашни банки
ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк


ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите