Анализи
Половина милијарда денари се истргувале преку берзата во највеселиот месец од годината

Речиси половина милијарди денари се истргувани преку Македонска берза во хартии од вредност за декември, највеселиот месец од годината, кога пак и се вложуваат доста средства пред самиот крај на годината со затворање на буџетите и исполнување на инвестициските планови.
Споредено и со ноември годинава и со истиот период пред две години, декември 2019 е еден од подобрите месеци за Македонска берза во последниот период гледано според обемот на тргување со акции и обврзници. Во последниот месец од годината која веќе измина истргувани се 7,7 милиони евра, додека пак во ноември 2019 година преку берзата „поминале“ 5,8 милиони евра.
Класичното тргување бележи раст за овој период од 31,74%. Во делот на класичното тргување во декември 2018 биле „свртени“ речиси двојно помалку средства, однос околу 4,8 милиони евра.
Вкупниот обем на тргување во кој се вклучени класичното тргување, блок трансакциите, јавните берзански аукции и јавната понудата на хартии од вредност во декември 2019 изнесува 12,4 милиони евра. Блокот на транскации како втор најзастапен метод за стекнување со хартии од вредност во декември 2019 бележи пад за 10% во споредба со претходниот месец, но е за речиси 30% повисок во споредба со истиот месец лани.
Следен важен индикатор кој дава поголема слика од самото движење на пазарот на капитал е и вкупната пазарна капитализација на котираните компании и како се движни нивната вредност. Бројките се позитивни за декември 2019 каде има раст од 1,67% во однос на ноември, додека пак споредено со истиот месец од 2018 година растот е двоцифрен во процентни поени. Заклучно со декември пазарната капитализација на околу 100 котирани друштва изнесува 3 милијарди евра. Во ноември лани пазарната капитализација изнесувала 2,9 милијарди евра, додека пак во декември 2018 година компаниите имале вредност на нивните акции од 2,6 милијарди евра.
Доста корисен податок за идните инвеститори е дека во десетте најтргувани акции за декември 2019 година дури шест се хартии од вредност на македонските банки. Апсолутен шампион според вредноста и обемот на истргувани акции е Комерцијална банка АД Скопје со вкупен промет од 2,3 милиони евра. Фармацевтите Алкалоид се следни на второто место со 1 милион денари, следува Макпетрол со 900 илјади евра, Гранит како најуспешна градежна компанија со 700 илјади евра, и Стопанска банка Битола со речиси 500 илјади евра. Во топ 10 се и НЛБ Банка, УНИ Банка, ТТК Банка, Стопанска банка Скопје и Македонијатурист Скопје, сите со промет од 100 до 500 илјади евра.
МБИ10 индексот кој годинава имаше подеми и падови врз влијание на екстерни фактори 2019 ја завршува доста силно со максимална вредност од 4.648,89 индексни поени и раст од 34,01% во однос на декември 2019 година.
Ако во декември 2018 година учеството на странски правни и физички лица во вкупниот промет на берзата и тоа на страната на купување на учество изнесувал 38,49% во декември 2019 година овој процент изнесува само 1,95%. Од друга страна пак за изминатиот месец е забележително тоа што се зголемува бројот на странски лица кои ги продаваат своите учества со 9,16% од вкупната продажба, додека пак во декември 2018 нивниот број изнесувал 3,45%.
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
Анализи
Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје