Connect with us

Останато

ПИПЕРЕВСКИ: Дигиталниот имот на банките е заштитен, но секогаш постои можност за подобрување

Објавено

на

Отсекогаш постоеле хакерски групи и поединци хакери кои биле злонамерни и перманентна закана. Институциите и компаниите постојано се соочуваат со напади од овие закани во сајбер просторот.

Последните напади кои се случија на 22 Февруари 2022 во ноќните часови на интернет изложените сервиси на банкарскиот сектор во Македонија беа уникатен напад (DDOS напад) кон достапноста на сервисите а со тоа и на информациите кои клиентите на банките ги користат. Дигиталниот имот кој е цел на сајбер заштита кај банките ужива заштита на својата доверливост, интегритет и достапност. За тоа постојат законски регулативи кои банките во Македонија во целост ги почитуваат и кои налагаат заштита на сите претходно споменатите елементи.

Вчерашниот напад беше напад по достапноста на дигиталниот имот каде само дел од интернет изложените сервиси на банките беа недостапни. Битно е да се знае дека нападот не резултираше со целосен хаос, имено кај банките постојат сценарија кои се посебно направени за континуитет на работењето и истите се активираат во ситуација на вакви напади. Во тие сценарија постојат прифатливи временски рамки во кои делумно дигиталниот имот е недостапен при што е битно да се напомене дека резултатите од нападот не ги надминаа тие прифатливите временски рамки.

Секогаш постои можност за подобрување на сајбер заштитата. Колку и да се непосакувани хакерските напади, тие прават банките да учат како подобро да ја постават сајбер заштитата. Јас верувам дека нашите банки се подготвени да одговорат на вакви напади но и ги повикувам за почести проверки на заштитата на достапноста на дигиталниот имот како и спроведување на вежби со кои ќе се тестираат сценаријата за континуитет во работењето.

Гостински текст на Мане Пиперевски, експерт за сајбер безбедност и компјутерска форензика.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно