Connect with us

Анализи

PEPPER – интерактивниот хуманоиден робот беше во посета на Стопанска банка АД – Скопје во соработка со MasterCard

Објавено

на

Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа Стопанска банка АД – Скопје имаше можност да биде домаќин на интерактивниот хуманоиден робот Pepper. Преку роботот Pepper, Банката се обиде на јавноста да и ги презентира предностите на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена.

Pepper е производ на Softbank Robotics и веќе го има посетено светот презентирајќи ги своите можности за интеракција со луѓе, препознавање и одговарање на емоции и можноста да понуди основи услуги за клиенти во деловно окружување.

Пријатен и симпатичен, Pepper е многу повеќе од робот, тој е оригинално хуманоидно друштво создадено да комуницира на природен и интуитивен начин преку неговите движења и глас. Pepper сака да комуницира со вас, Pepper сака да научи нешто повеќе за вашиот вкус, вашите навики и едноставно кои сте вие. Pepper препознава ликови, зборува, слуша и автономно се движи.

Препознавајќи ги можностите на овој производ на SoftBank, MasterCard промовираа прва комерцијална апликација која се интегрира во Pepper, поврзана со дигиталниот паричник кој ги поврзува клиентите со трговците, овозможувајќи им да прават брзи, едноставни и безбедни дигитални плаќања преку различни уреди и канали – значаен прв чекор кон приближување на интерактивното искуство помеѓу трговците и клиентите. Оваа нова апликација ги проширува можностите на роботот да ги интегрира грижата за клиентите, пристапот до информациите, продажбата и сето тоа во едно опуштено и конзистентно корисничко искуство.

“Апликација како оваа презентирана на Pepper има за цел да им понуди на клиентите искуство во купувањето кое е персонализирано и полесно за помнење и е чекор подалеку од денешните уреди и киосци за само-услужување, затоа што ја комбинира интелигенцијата на Pepper со безбедно искуство за дигитално плаќање преку дигитален паричник.“ – изјави Вања Манова, MasterCard Менаџер за Бугарија и Македонија.

Во i-bank store концептуалната филијала од иднината, Стопанска банка АД – Скопје, гостите имаа прилика да го запознаат Pepper и да „разговараат“ со него, да се фотографираат па дури и да добијат награда од Pepper едноставно со објавување на слика на Instagram користејќи го #PepperSTB. Пепер за време на посетата беше поканет да учествува и на ТВ интервју и видео блог па сите што не ја проследија неговата посета ќе имаат прилика да го видат на малите екрани.

Анализи

АНАЛИЗА: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата

Објавено

на

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно