Connect with us

Компании

Payten продолжува да го проширува својот бизнис во е-трговијата со купување на WSPay

Објавено

на

Компанијата „Payten” купи 100 проценти од акциите во „WSPay”, еден од првите портали за плаќање (Payment Gateway) во Европа.

„WSPay” е основана во 2004 година со визија да овозможи плаќање за стоки и услуги во реално време. Стекнувањето е во согласност со стратегијата на „Payten” да им понуди на трговците и крајните клиенти најбезбедните и иновативни начини на плаќање.

Денес, „WSPay” е еден од водечките и технолошки најнапредните регионални даватели на платежни услуги за е-трговија. Подетално, како една од водечките компании во иновациите поврзани со онлајн плаќање, „WSPay” е специјализирана за создавање модули прилагодени на потребите на веб-продавниците и разни други видови на бизниси, како што се онлајн резервации, продажба на авионски билети, продажба на билети и резервации за сместување.

„Наша мисија е да обезбедиме онлајн работење со современи дигитални начини на плаќање и интеграција на вештачката интелигенција во деловните процеси и каналите за дигитално плаќање. Со приклучувањето кон Payten, создадовме синергија која ќе ни помогне да отвориме нови деловни можности и да им обезбедиме на нашите клиенти најквалитетни услуги“, изјави Емир Диздаревиќ, директор на „WSPay”.

„Оваа аквизиција докажува дека нашата компанија е неприкосновен лидер во областа на платежните услуги во Хрватска, Босна и Херцеговина и во регионот. Особено ме радува фактот што експертите од WSPay ни се придружија на нашето патување со нивната стручност и искуство. Имплементацијата на нашиот план за синергија ќе им обезбеди на трговците на мало уште подобра услуга и ќе им овозможи технолошки иновации кои ќе ја дефинираат иднината на индустријата за е-трговија“, рече Дамир Чаушевиќ, директор за е-трговија на „Payten”.

Како една од водечките компании во иновациите и креатор на нови начини на плаќање преку Интернет од 2004 година, „WSPay” стана PSP (Payment Service Provider) кој овозможува поврзување на различни продажни канали со една или повеќе компании што издаваат картички, користејќи различни начини на плаќање. „WSPay” овозможува прифаќање на различни брендови на картички и алтернативни начини на плаќање на илјадници трговци низ регионот.

„Payten”, членка на Асеко Југоисточна Европа (АСЕЕ), беше создаден со спин-оф деловна единица за плаќање на АСЕЕ. Компанијата нуди комплетни решенија во областа на платежната индустрија за финансиски и нефинансиски институции обезбедувајќи највисоко ниво на експертиза, одржување и поддршка низ целото портфолио на решенија и услуги. Работи во областа на е-трговија, mPayments, безбедносни решенија за плаќања, обработка на трансакции, услуги поврзани со банкомати и ПОС. Payten е присутен во 14 земји низ светот и вработува речиси 1.300 луѓе.

Компании

Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!

Објавено

на

Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)

Продолжи со читање

Компании

Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите

Објавено

на

Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно