Connect with us

Останато

PayPal ќе соработува со Google Pay во Европа

Објавено

на

Клиентите на „PayPal“ или „Дигиталната „Mastercard““, како што ја нарекуваат некои професионалци, во голем број држави во Европа ќе можат да плаќаат преку „Google Pay“ во продавниците преку смартфоните, кои работат на „Android“. Досега само сопствениците на кредитни картички од неколку банки успеаја да ја користат „Google Pay“.

Ако корисниците на „PayРal“ го депонираат својот профил на „Google Pay“ како начин на плаќање, апликацијата ќе постави дигитална дебитна картичка која може да се користи за извршување на купувања, соопштија од компанијата.

Благодарение на оваа соработка, значително ќе се зголеми бројот на корисници што можат да го користат „Google Pay“ за безконтактно плаќање со нивниот паметен телефон. Во принцип услугата може да се користи таму каде што може да се вршат безконтактни плаќања со кредитна картичка, на пример во супермаркети, бензински пумпи, трговски објекти, кафулиња и ресторани.

За извршување на процесот на исплата е доволно смартфонот да се задржи за кратко до платниот терминал, по што благодарение на чипот плаќањето започнува. За таа цел се користи кредит во „Paypal“, а ако тоа не е доволно, недостасуваат сума се одзема од депонирата банкарска сметка. За купувачот нема такси.

Во Германија, бесконтактното мобилно плаќање претходно било можно само со апликации од различни финансиски институции, како што се банките за штедење. „Google Pay“ беше пуштена во Германија кон крајот на јуни, како услуга за картичките само на „Commerzbank“ и „Comdirect“, како и „BW Bank“ и онлајн банките „N26“ и „Boon“. Преку соработка, „Google“ може да пристапи до многу нови корисници за својот мобилен систем за плаќање: „Paypal“ сам има околу 20,5 милиони корисници во Германија.

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange