Connect with us

Странски банки

PayPal прва странска компанија со лиценца за електронско плаќање во Кина

Објавено

на

PayPal стана првата странска компанија која во Кина доби лиценца за плаќање преку интернет, откако купи 70 проценти од акциите во Guofubao Information Technology Co (GoPay) пренесува Reuters.

Во краткото соопштение, извршниот директор на PayPal, Дан Шулман, изјави дека Кинеската народна банка го одобри купувањето на GoPay, а договорот треба да биде завршен до крајот на годината.

GoPay има лиценца за плаќање, што значи PayPal е првата странска компанија која влезе во кинескиот пазар две години откако Пекинг вети дека ќе го отвори пазарот за електронска трговија.

На брендовите како Visa и Mastercard не им се одобрени апликации за лиценца, и покрај ветувањето на централната банка на Кина минатата година дека домашните и странските даватели на услуги „ќе добијат еднаков третман“.

PayPal ќе може да понуди онлајн, мобилно и прекугранично плаќање, преземајќи ги пазарните гиганти како што се WeChat Pay и Alipay.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно