Connect with us

Останато

PayPal започна исплати со QR код на 28 пазари ширум светот

Објавено

на

„PayPal” ја претстави можноста за користење QR кодови за купување и продажба на стоки и услуги на 28 пазари низ целиот свет.

Од земјоделските пазари до продажба на половни производи – воведувањето на QR-код во апликацијата „PayPal” им овозможува на клиентите да купуваат или продаваат самите лично.

Користењето на функцијата QR код во апликацијата „PayPal” овозможува лична трансакција со помош на паричник. На пример, трговците кои лично продаваат предмети можат да испечатат QR код, да го постават близу нив, а потрошувачите едноставно да скенираат, да ја внесат сумата што ја плаќаат и веднаш да ги испратат парите.

Ова му овозможува на продавачот да ги минимизира физичките интеракции со клиентот, а исто така ја ограничува и интеракцијата на корисникот со “checkout” технологијата.

„Знаеме дека во сегашното опкружување, купувањето и продавањето на стоки на безбеден и сигурен начин е приоритет за многу луѓе ширум светот“, рече Џон Кунзе, претставник на „PayPal”.

„PayPal” оваа функција ја овозможува на 28 пазари ширум светот, вклучувајќи ги: Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Хонг Конг, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Словачка, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Велика Британија и САД.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно