Connect with us

Компании

PayPal: Ги суспендираме услугите во Русија

Објавено

на

Американската компанија за плаќање и трансфер на пари, „PayPal” го суспендираше давањето на своите услуги во Русија.

Таа како причина ги наведе „актуелните околности“ и на тој начин им се придружи на многу финансиски и технолошки компании во прекинот на работењето по избувнувањето на конфликтот во Украина.

„Во сегашните околности, ги суспендираме услугите на PayPal во Русија“, потврди во изјавата претседателот и извршен директор на компанијата Ден Шулман, пренесе „Reuters”.

Шулман рече дека компанијата „застанува покрај меѓународната заедница во осудата на насилната воена агресија на Русија во Украина“.

„PayPal”, кој даваше услуги во Русија само за прекугранични трансакции, престана да прима нови корисници во Русија во средата.

Претставници на украинската влада го повикаа „PayPal” да ја напушти Русија и да им помогне да собираат донации.

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!

Објавено

на

Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)

Продолжи со читање

Компании

Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно