Платежни картички
PAY AND GET – Плаќањето се исплати!

Кампања наменета за иматели на кредитни картички за физички лица издадени од Халкбанк АД Скопје од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) преку платформата Pay and Get Rewards – алатка во системот за наградување на Mastercard.
Првите 1.000 иматели на кредитни картички кои ќе направат трансакции во вкупна вредност од минумум 10.000 денари во периодот од 15.06. – 14.08.2022 ќе добијат поврат на средства од 1.000 денари. АТМ трансакции не се вклучени во оваа кампања.
Повратот на средства ќе биде направен по завршување на кампањата, односно по периодот на селекција (15 до 20 денови). Ќе биде направен еден пресек на 1.000 корисници кои го исполниле условот по завршување на кампањата.
Корисникот ќе може да се повторува само доколку го исполни условот со различни кредитни картички (не повеќе од 2 пати), по претпоставка да е корисник на Mastercard World Contactless и Mastercard Credit Contactless/Mastercard Standard и со двете картички да има промет од по 10.000 денари во периодот на кампањата.
Корисникот добиениот поврат ќе може да го види на изводот за кредитната картичка и да го искористи за следни трошења по сопствен избор.
Платежни картички
Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)
Платежни картички
КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. (more…)
Платежни картички
„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка