Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени.

Доколку сметате дека можете да придонесете и да станете дел од успешниот тим на ВИНЕР ЛАЈФ, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Токму поради тоа, Винер Лајф објавува оглас за вработување на:

ТИМ МЕНАЏЕР

Квалификации:

  • BCC;
  • Менаџерски способности;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Комуникативност;
  • Вештини за преговарање;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Лица со најмалку 3 годишно искуство во директна продажба (имаат предност);
  • Лица кои имаат работно искуство во осигурителна компанија или друга финансиска институција (имаат предност);
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работно место/одговорности:

  • Планира и реализира активности и обврски во соработка со непосредниот раководител;
  • Подготвува понуди за осигурување на живот;
  • Регрутира, обучува и надгледува агенти за продажба.

Работното место се однесува за Скопје.

Придобивки:

  • Фиксна плата + дополнителна провизија;
  • Првичен договор со времетраење од 6 месеци, со можност за продолжување;
  • Можност за вработување, конкурентен систем на наградување и континуирана надградба, едукација, и кариера во Винер Лајф и Vienna Insurance Group.

Аплицирање:

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Тим менаџер“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk, најдоцна до 08.02.2021 година.

НАПОМЕНА: Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид. Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Компании

NLB Lease&Go влегува на македонскиот и српскиот пазар

Објавено

на

НЛБ како една од најреномираните и значајни групации во регионот на Jугоисточна Европа најавува ново поглавје во своето работење кое на клиентите ќе им овозможи лизинг услуги. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

Објавено

на

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Портал Мој.МКБ – вистински информации за сигурни деловни одлуки!

Објавено

на

Деновиве започна со работа новиот портал на Македoнско кредитно биро Мој.МКБ чијашто цел е да понуди целосни финансиски извештаи и информации потребни за нашата бизнис-заедница. (more…)

Продолжи со читање

Популарно