Connect with us

Банки

Оглас за вработување во TTK Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на
Помлад ИТ Консултант (двајца извршители)

(со договор на определено време, со можност за продолжување)

 Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование, Вишо стручно образование или Средно стручно образование од областа на информатичките технологии;
  • Без или со работно искуство во ИТ областа;
  • Работа со релациони бази на податоци MSSQL Server;
  • Познавање на C# за развој на десктоп и web апликации на .NET платформа;
  • Познавање на HTML5, JavaScript, CSS;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Аналитичност;
  • Концентрација;
  • Самостојност;
  • Иницијативност;
  • Тимска работа;
  • Комуникациски вештини;
  • Идентификација на проблеми.

Краток опис на работно место:

  • Поддршка во делот на функционирање на апликативниот софтвер во Банката, што вклучува познавање на SQL и други програмски јазици;
  • Обезбедување на прво ниво на поддршка на корисници на апликативни решенија во Банката со користење на апликација;
  • Одговарање на прашања и разрешување на проблеми по телефон;
  • Одредување на изворот на компјутерскиот проблем (hardware, software, пристап на корисник и сл.);
  • Евидентирање на пристигнатите барања во систем;
  • Обезбедување на поддршка на надворешни корисници во врска со користењето на услугите што Банката ги нуди преку интернет (Електронско банкарство) или преку други комуникациски канали (фиксен/мобилен телефон);
  • Преземање на верзиите, скриптите и описот на измените од добавувачот, тестирање на решението во тест и продукциска околина, според претходно изработени сценарија и ставање во употреба на новите апликативни решенија во соработка со напредните корисници од соодветните дирекции/оддели;
  • Изработување на апликативни решенија и интегрирани web – сервиси за on-line самоуслужно банкарство;
  • Изработување надградби на системот со сопствени апликативни решенија од сите области од банкарското работење, со цел поефикасно работење и нивно интегрирање во информациониот систем на Банката;
  • Следење и пријавување на апликативни безбедносни инциденти до ОСИС лицето на Банката;
  • Реализирање на сите нови барања за извештаи пристигнати од сите делови на Банката;
  • Обезбедување соодветна обука на персоналот и менаџментот за сите ИТ системи во Банката во соработка со одделот за човечки ресурси, организација и плати.

Банката нуди:

  • Предизвици, флексибилност, интересна и динамична работа;
  • Можности за кариерен развој во банкарските операции и активности;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Систем за наградување на вработените;
  • Размена на знаење, дополнителни обуки, остварување резултати;
  • Можност за личен и професионален развој.

Работно време:

  • 40 часовно неделно работно време

Локација на работа:

  • Позадински обработки и ИТ, Скопје

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 30.04.2022 година, со назнака: „Апликација за ИТ Консултант“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје,  ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: kariera@ttk.com.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Напомена: Доставените апликации ќе се третираат како строго доверливи согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од една година.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно