Connect with us

НБРМ

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

Објавено

на

На седницата на Советот на Народната банка, одржана вчера, беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2021 година. Банкарскиот систем продолжи да работи во услови на неизвесност, но помалку нагласена, поради подобрената епидемиолошка состојба и последователното укинување на рестриктивните мерки, што имаше поволно влијание врз домашната економска активност. Во такви услови, кредитната активност на банките забележа забрзан квартален раст, којшто во поголем дел беше резултат на зголеменото кредитирање на домаќинствата, при солиден позитивен придонес и на кредитите на претпријатијата. Исто така, забрза и растот на депозитите на домаќинствата и компаниите.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување. На крајот од јуни, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 17,3%, што е зголемување за половина процентен поен во споредба со крајот на претходниот квартал од годината.

Во вториот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на задоволително и стабилно ниво. На 30.6.2021 година, стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем изнесуваше 184,2% (регулаторниот минимум за оваа стапка изнесува 100%).

Учеството на нефункционалните во вкупните кредити, во второто тримесечје од годината, е ниско и се задржа на истото ниво како во претходниот квартал од 3,5%, односно 5,1% во корпоративното кредитно портфолио и 2% во кредитното портфолио составено од домаќинствата.

Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем продолжува со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност.

Советот го разгледа и гo усвои и Годишниот извештај за надгледувањето на работењето на платните системи во 2020 година и спроведувањето на дадените препораки. Народната банка со надгледувањето оценува дали структурата и функционалностите на платните системи според нивната значајност се во согласност со регулаторните барања за нивно непрекинато, сигурно и стабилно работење, коишто воедно се усогласени и со меѓународните стандарди за работата на платните системи.

Резултатите од надгледувањето во текот на минатата година покажуваат дека операторите на платните системи во земјата имаат воспоставено инфраструктура, политики, правила и процедури за работа што овозможуваат сигурно и непречено извршување на плаќањата преку системите со кои управуваат, а имаат и соодветни контроли за справување со внатрешните и надворешните извори на оперативен ризик. Оцените од Извештајот потврдуваат дека платните системи во земјата постојано обезбедуваат висок степен на сигурност и оперативна доверливост, што е значителен придонес кон создавање поволно економско окружување како за деловните субјекти, така и за населението. Достапноста на платните системи во текот на минатата година беше на високо ниво од над 99,9%.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно