Connect with us

Интервјуа

Очекувања на Стопанска банка а.д. Битола за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на д-р Гордана Балтовска, член на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали истата беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2020 година?

Д-р Гордана Балтовска: Годината што ја оставивме зад нас наметна низа предизвици со кои банките, останатите субјекти во економијата, креаторите на фискалната и монетарната политика се соочуваа, но истовремено ни ја покажа и флексибилноста на нашите капацитети и способност за трансформација во неверојатно кус временски период, на начин на кој не сме можеле ниту да замислиме. Дефинитивно изминататa 2020 година ќе биде запаметена по COVID-19 пандемијата која предизвика не само здравствена криза, туку можеби и најсилната глобална економска криза по големата депресија од 1929 година.

Во вакви услови на работење од суштинско значење е брзата реакција и респонзивност на кратки рокови за приспособување на активностите во работењето со цел останување на стратешката патека на долг рок. Ваквиот концепт настојувавме да го применуваме и во Стопанска банка а.д. Битола што согласно остварувањата даде завиден финансиски резултат. Притоа примарна цел од општествено одговорен аспект беше зачувување на здравјето и безбедноста на клиентите на Банката и вработените за што беа преземени сите неопходни мерки и препораки посочени од надлежните институции. Од оперативен аспект, максимално ги насочивме напорите кон наплата на нефункционални побарувања што придонесе за значително ослободување на исправка на вредност што директно се одрази врз добивката на Банката. Наплатата на нефункционални побарувања овозможи и пренасочување на средствата од некаматоносни во каматоносни позиции, односно во кредити на бонитетни клиенти согласно проценките за прифатливо ниво на ризик. Со тоа уште еднаш ја потврдивме и поддршката која ја даваме на стопанството и домаќинствата во услови кога е најпотребна, со што директно влијаевме и на поддршка на целокупната економска активност и повторно заживување на економијата по контракцијата предизвикана од пандемијата со COVID-19. Воедно, почитувајќи ги  измените во регулативата на Народна банка на Р.С. Македонија таргетирани кон најпогодените субјекти од кризата, Банката овозможи и одложување на намирувањето на кредитните обврски на дел од клиентите кои се соочуваат со потешкотии произлезени од настанатата ситуација.

Во текот на 2020 година за жал бевме сведоци и на престанок на работењето на банка која беше дел од нашиот банкарски систем. Тоа повлече со себе бројни изјави и шпекулации кои оставаа простор да бидат погрешно протолкувани во јавноста, но сметаме дека овој случај го докажа токму спротивното – дека банкарскиот сектор е крајно стабилен и регулиран. Според официјалните информации на највисокото регулативно тело, Народната Банка на Р.С.М капиталот на банките е во одлична состојба, тој е дополнително зајакнат, а како гаранција за стабилноста на целиот систем е и тоа што ликвидноста со која располагаат банките, вклучително и Стопанска банка а.д. Битола е на високо ниво и покрај тоа што поради COVID-19 ситуација имаше непланирано, двократно одложување на наплатата на голем дел од кредитите.

Стопанска банка а.д. Битола во таа насока вложи маскимални напори да излезе целосно во пресрет на сите свои клиенти, на населението и правните субјекти кои на било каков начин беа погодени од COVID–19 ситуацијата.

Успешното справување со наметнатите предизвици и брзото приспособување на краткорочните активности во текот на 2020 година беше потврдено и со наградата од реномираниот финансиски магазин “Finance Central Europe” за најдобар банкар во Р.С. Македонија за 2020 година доделена на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, г. Владимир Ефтимоски. Со ова, една од најпредизвикувачките години од економски аспект, Банката ја вбројува во една од најуспешните во досегашното работење.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2021 година во нашата земја?

Д-р Гордана Балтовска: Во 2021 година се очекува COVID-19 пандемијата да биде ставена под контрола што ќе создаде предуслови за одржлива економска обнова и раст, но не со иста динамика како пред COVID-19 кризата. Тоа ќе биде раст воден од иновациите и нови технологиии.

Настапува ера на дигитализација. Таа и понатаму ќе биде водечки тренд во банкарскиот сектор која ќе го измени начинот на функционирање на цели сектори. Веќе, голем број од вработените ги заменаа своите работни места со работа од дома.

Банките прават целосен редизајн на традиционалниот модел за опслужување на клиентите со воведување на дигитални платформи и сервиси со кои ќе го олеснат, модернизираат банкарството и воедно ќе бидат подостапни до клиентите и до нивните потреби и барања. Модерните технологии што ги применуваат банките овозможуваат се поголем дел од своите услуги граѓаните и фирмите да ги добиваат од компјутер или мобилен телефон наместо на шалтер. Истовремено дигитализацијата се покажува како одлична алатка за намалување на трошоците од една страна и привлекување клиенти од друга страна.

Во Македонија, банките веќе ги следат модерните платформи за електронско работење и да ги прилагодуваат своите услуги и производи на потребите на граѓаните, иако сеуште не може да се каже дека традиционалното банкарство е оставено во минатото.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од Стопанска Банка АД Битола во 2021 година?

Д-р Гордана Балтовска: Во периодот што следува, се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Банката будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамиката на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што беа најпогодени од COVID-19 кризата. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот
развој и усовршување на информативната технологија и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите што е во согласност со стратешки цели на Банката.

На таков начин планираме да го таргетираме сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката.

Интервјуа

Бајрами: Народната Банка е професионална институција, зад сите одлуки стои цел тим

Објавено

на

Народната банка во наредниот период ќе продолжи со олабавената монетарна политика, преку одржување соодветно, високо ниво на девизни резерви и задржување на стабилниот девизен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на НАРОДНА БАНКА за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2021 година, се обративме до банките во Република С. Македонија со цел објавување на нивните очекувања од аспект на предизвиците за банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање


Популарно