Connect with us

Електронско банкарство

Креирај ја мобилната банка на иднината и биди дел од првиот Хакатон на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Мобилното банкарство станува неизоставен дел од нашето секојдневие. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и кон пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата за воведување на иновации во мобилното банкарство и во начинот на интеракција на банките со сегашните и идните корисници.

Охридска банка Сосиете Женерал во соработка со Солвео го организира првиот OBSG BUZZ Хакатон и отвара повик до сите млади дизајнери, девелопери и други мотивирани поединци, кои се спремни да се вклучат во креирање на мобилната банка од иднината.

Целта на овој 54-часовен OBSG BUZZ – предизвик кој ќе се одржи од 30.11.2018 до 02.12.2018 е да се пронајдат и креираат нови начини на интеракција на Банката со корисниците. Односно, 50 млади и талентирани умови во тимови ќе имаат можност да работат на креирање иновативно, но истовремено и апликативно решение со кое ќе ја креираат мобилната банка на иднината, а истовремено ќе се борат за награда од 1.500 евра во денарска противвредност.

За време на OBSG BUZZ хакатонот, учесниците ќе треба да креираат предлог – решенија за концептот на мобилното банкарство во иднина, кое ќе се осврне на аспектите кои треба да се подобрат, иновациите кои се потребни за подобро функционирање на мобилната банка и функционалности кои ќе одговараат на модерниот начин на живот.

На крајот на настанот секој тим ќе го презентира своето идеално решение пред комисија која ќе го прогласи победникот на OBSG BUZZ Хакатонот.

На OBSG BUZZ Хакатон можат да се пријават сите кои сметаат дека можат да одговорат на овој предизвик, сакаат да креираат нови решенија, имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис, финансии, сакаат да запознаат нови контакти и се тимски играчи. Пријавите за учество може да бидат индивидуални или заедно со уште еден партнер.

Сите заинтересирани потребно е да пoполнат апликација за учество.

Електронско банкарство

Царинските процедури достапни преку курсеви за електронско учење

Објавено

на

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Комерцијална банка АД Скопје ja зголеми заштитата на корисниците на Интернет банка и мБанка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници им ја зголеми заштитата при електронските плаќања преку Интернет банка и преку мобилната апликација мБанка. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Со Динерс клуб картичките пазарувајте на 24 рати без камата во Нептун

Објавено

на

Вашата Diners Club картичка ви нуди можност да купувате производи од летоците на Нптун, а истите да ги плаќате на 24 РАТИ БЕЗ КАМАТА! (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange