Connect with us

Останато

Oштетените штедачи на Еуростандард банка повторно ќе протестираат, сега пред Народната банка

Објавено

на

Здужението Оштетени штедачи на Еуростандард банка АД еден ден пред Светскиот ден на штедењето, на 30 октомври ќе протестираат пред зградата на Народната банка, за која како што велат тие е еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат.

„Имено, нашиот протест ќе биде со почеток во 15 часот ден порано (30ти Октомври) од светскиот ден на штедењето 31Ви Октомври, кој се до црната за нас среда 12ти Август беше и наш празник кој гордо го славевме како депоненти во овој наш банкарски систем регулиран од НБРМ, институција која еве не натера место да празнуваме да протестираме против криминалот направен над нас.

Воедно ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците.

На 30ти Октомври ќе протестираме а на 31ви Октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно.

Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата.”, се вели во соопштението на Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банка.

 

Останато

Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

Објавено

на

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта!

Објавено

на

Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно