Connect with us

Банки

Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Градежен, Архитектонски или Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Работно искуство најмалку 4 години,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување
  • Возачка дозвола
  • Уверение за положен испит за проценувач од областа на недвижен имот, како и уверенија за положен испит за проценувач од други области.

Работно време: 40 часа неделно. Почетна основна нето-плата: 40.770,00 денари.

Огласот трае заклучно со 04.06.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да  пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо,  копија од Диплома за завршено високо образование, копија од Уверение/ја за положен испит за проценувач на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема”.

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 02/3168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групацијата објавува оглас за вработување на Брокер во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско – посреднички услуги во Сектор за средства и ликвидност. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање


Популарно