Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира VISA и Mastercard картичките

Објавено

на

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и Mastercard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и Mastercard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на Mastercard картичките, а денес сме горди што можеме  да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал.“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија.  NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.

Платежни картички

„УНИБанка” со летна промоција „Кеш без провизија”

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје започна нова летна промотивна акција за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на дозволено пречекорување и на кредитни картички

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, почнувајќи од 01.07.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange