Компании
NLB Lease&Go влегува на македонскиот и српскиот пазар

НЛБ како една од најреномираните и значајни групации во регионот на Jугоисточна Европа најавува ново поглавје во своето работење кое на клиентите ќе им овозможи лизинг услуги.
Имено, NLB Lease&Go е присутен на словенечкиот пазар од пролетта 2020 година, а активностите за лизинг земаа толку голем обем што неодамна беше основана нова лизинг компанија во Северна Македонија и купување на лизинг субјект во Србија.
Лизингот е една од стратешките активности на НЛБ Групацијата, водечката банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион во Југоисточна Европа, која ги поддржува своите клиенти со универзални решенија преку мало, корпоративно и инвестициско банкарство. Лизинг услугите што ги нуди членката на НЛБ Групацијата NLB Lease&Go, Љубљана, ги надополнуваат услугите за кредитирање на банката и им овозможуваат на клиентите на мало и на корпоративните клиенти да ја изберат опцијата што најдобро одговара на нивните потреби, ситуација и преференци. Компанијата имено нуди финансиски и оперативен лизинг на движни предмети, кој вклучува патнички возила, лесни и тешки товарни возила и опрема. Истиот модел и стратегии ќе се применуваат и на новите пазари.
Структурите за управување се веќе поставени кај новите лизинг членки со целосна имплементација на принципите за корпоративно управување на Групацијата. Се очекува двете компании да започнат со своите први активности веќе следниот месец и поодлучно да влезат на своите пазари во јануари 2023 година.
„Услугите за лизинг се добро прилагодени на потребите на клиентите, па затоа не е чудно што решивме постепено да ја прошириме оваа активност на други пазари каде што работи нашата Групација“, објаснува извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак.
„Убедени сме дека лизингот повторно ќе стане важна деловна активност на Групацијата. Проценуваме дека во зрелата фаза, со органски, а можеби и неоргански раст, ќе придонесе повеќе од една милијарда евра во вкупниот биланс на Групацијата. Нашата цел е NLB Lease&Go да станат водечки компании во областа на движниот имот во наредните години и да преземат важна улога во областа на мобилноста на секој пазар.“, додава Бродњак.
Компании
Оглас за вработување на Директор на сектор деловна мрежа во Штедилница Можности

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позиција (more…)
Компании
Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички. (more…)
Компании
Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје