Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка изврши зголемување на дел од провизиите за физички и правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка преку својата веб страница информираше за спроведени зголемувања на дел од провизиите кои се однесуваат на работењето со физички и правни лица, а важат од 01.12.2022 година.

Промените на провизиите се однесуваат на:

–       Денарски и девизен платен промет

–       Готовинска исплата од трансакциска сметка во МКД во експозитура за физички лица

–       Водење на трансакциска сметка во домашна валута за физички лица

–       Готовинска и безготовинска уплата на режиски трошоци за физички лица

–       Подигнување на средства од сопствена и туѓа АТМ мрежа со дебитни и кредитни картички за физички лица

Согласно Законот за банки, промените задолжително треба да се објават во тарифникот на банката. Променетите провизии се објавени во Тарифата на надоместоци на НЛБ Банка која можете да ја погледнете на следниот линк.

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно