Connect with us

Останато

MyIute е една од најпопуларните мобилни апликации во Македонија со 25.000 преземања

Објавено

на

Мобилната апликација MyIute која беше лансирана во април 2021 година од страна на ИутеКредит Македонија достигна 25.000 преземања на Google Play и App Store!

Твоите финансии на дланка или со еден збор MyIute е синонимот кој голем број корисници денес го поврзуваат со брза, навремена и вистински дигитализирана услуга во секој момент кога им се потребни финансиски средства.

Мобилната апликација на ИутеКредит која беше лансирана во април 2021 година деновиве го достигна својот 25.000-ти корисник што е уште една потврда дека македонците се подготвени за новите дигитални трендови кои ги диктира финтек индустријата. 

Со MyIute, на корисниците им овозможивме брзо и лесно аплицирање за кредит, прикачување на сите потребни документи онлајн и потпишување на договорот преку апликација.

Дополнително, тие имаат увид во состојбата на својот кредит 24/7, можат да ги плаќаат ратите онлајн и да добиваат персонализирани понуди од ИутеКредит и компаниите во партнерската мрежа. 

Секој што аплицира преку мобилната апликациja MyIute добива и -10% попуст на трошоци за одобрување на кредитот.

Ни претставува задоволство што создадовме иновативна алатка која е прифатена од страна на нашите клиенти, и голем дел од нив, дури 70% својот договор за кредит го потпишуваат електронски преку MyIute. 

Во моментов MyIute е прворангирана апликација за финансии на Google Play во Македонија.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно