Connect with us

Домашни банки

„My bank, my friend“ е победничкиот тим на „OBSG Buzz“ хакатонот на Охридска банка Сосиете Женерал и Солвео

Објавено

на

Од 30.11.-02.12.2018 на Инофеит се одржа хакатон организиран од Солвео и Охридска Банка под мотото да се креира мобилна банка од иднината. На хакатонот имаше вкупно 46 учесници, поделени во 9 тимови кои ги имаат следните интереси: дизајн, UI/UX, програмирање, информатички технологии, финансии, е-бизнис, маркетинг, менаџмент.

“Навистина беше тешко да се изберат учесниците, имавме многу пријавени и навистина квалитетни апликации. Со самото тоа што стигнаа за помалку од 60 часа да презентираат решенија за проблеми со кои сите се соочуваме, видовме дека потенцијалот кај младите луѓе кај нас е навистина голем и постојано расте. Сепак најтешката одлука ја имаше жирито, од сите тие идеи да се одбере најдобрата. Чест ни е што имавме можност да соработуваме со Охридска банка Сосиете Женерал, и со нивна помош да ги стимулираме и мотивираме учесниците. Ветуваме дека настани од овој тип ќе има уште во наредната година.„ – изјави Иван Зографски, основач на Солвео.

На финалната вечер, деветте тимови ги презентираа своите идеи за тоа како треба да изгледа мобилното банкарство од иднината пред жири комисијата составена од Бојан Михајловиќ – Асеко, Оливер Гаврески – Раководител на дирекција за мултиканална поддршка на комерцијалното работење во Охридска банка Сосиете Женерал и Нина Неданоска – Член на Управен одбор во Охридска банка Сосиете Женерал.

Победничкиот тим „My bank, my friend“ претстави апликација за мобилно банкарство која вклучува лесна најава, можност за уредување на функционалностите според сопствените потреби, можност за паметно штедење и многу други карактеристики. Оваа идеја доби награден фонд од 1.500 евра од Охридска банка Сосиете Женерал. Тимот „My bank, my friend“ е составен од Дарко Георгиевски, Христијан Бабука, Борко Наумовски и Стефан Деспотовски.

Изгледот на “My bank, my friend“

“За мене како студент Хакатонот OBSGbuzz беше едно големо и незаборавно искуство, каде јас и мојот тим успеавме со многу работа, тимски заедно да создадем нова апликација за Охридска банка која според нас ќе го води кон подобра иднина за банкарството во Македонија. И се подразбира дека сме многу среќни што победивме.“ – изјави еден од победниците, Стефан Деспотовски.

Борко Наумовски се надоврза на искуството на Стефан и додаде: “ХАКАМАРАТОНОТ беше неверојатно 54 часовно искуство кое го извлече креативниот потенцијал од 50тина енузијастични, работливи, способни и позитивни млади луѓе. Имавме позитивно дружење, запознавање и вмрежување со многу успешни момци и девојки и најбитно од се работевме на решенија кои ќе го доближат банкарскиот свет до нас младите. Одлична атмосфера, креативна енергија, позитивни луѓе и успешно развиени идеи. Благодарам на организаторите за одличниот прием и вкусната храна и секако најголема благодарност до Охридска Банка која ќе биде правата банка пријател на младите во Македонија.“

Со третиот член на тимот, Христијан Бабука, позборувавме за мотивите за пријавување на хаканот: “На OBSG BUZZ хакатонот се пријавив за да ги применам и продлабочам вештините кои моментално ги стекнувам во областа на UX/UI дизајнот, за да се запознаам со други луѓе од сферата и, нормално, за да се дружам и забавувам. Настанот не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина. По 50-часовната набиена агенда со беспрекорна организација, завршив побогат со уште еден одличен проект во моето портфолио, многу нови контакти за потенцијална соработка и еден куп нови кул другарчиња. Многу сум среќен што имав можност да работам со одличен тим со кој го креиравме победничкото решение за мобилно банкарство. Направивме апликација со софистициран и интуитивен дизајн близок до корисникот, со нови функционалности кои ќе им овозможат на корисниците поволности во својот круг на семејство и пријатели и ќе ги стимулираат да штедат во банката.“

Хакатонот е продолжување на низата активности преку кои Охридска банка Сосиете Женерал ги промовира своите групациски вредности иновативност, тимски дух, одговорност и посветеност. Како општествено одговорна компанија, Банката ја продолжува својата општествена мисија да ја поддржува заедницата во своите иницијативи и да биде посветен поддржувач на младите потенцијали во Македонија.

Ова ни го потврди и Дарко Георгиевски, кој се надоврза на својот тим и додаде: “Прекрасно искуство за секој млад, амбициозен човек. Запознав многу квалитетни луѓе во моето поле, со кои се надевам да соработувам во блиска и подалечна иднина.“

 

Домашни банки

ПроКредит Банка овозможи електронско отварање на орочен депозит

Објавено

на

ПроКредит Банка овозможи електронско отворање на орочен депозит директно преку нивното е-банкарство. Со оваа опција, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не мора да зависат од работното време на филијалите за креирање на навика за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Зелена наградна игра на Охридска Банка!

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал. Направете 10 трансакции со дебитна и 5 транскакции со кредитна картичка и освојте електричен тротинет! Од 17 Декември до 28 Февруари 2019 година купувајте со картичките на Охридска банка Сосиете Женерал. 20 електрични тротинети чекаат на вас! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Вечерва отворање на изложбата од ликовната колонија „Вевчански видувања 2018“ во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, вечерва (17 декември, понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange