Странски банки
Директорот на „Morgan Stanley“ до вработените: Ако одите во ресторани, можете да одите во канцеларија!

Извршниот директор на американската банка, „Morgan Stanley“, рече дека очекува вработените да се вратат во своите канцеларии во Њујорк, поради солидното ниво на вакцинирани во САД.
„Ако можете да одите во ресторан во Њујорк, тогаш можете да дојдете во канцеларијата. И ние ве сакаме во канцеларија“, рече Џејмс Горман, пренесе Денар.
„Би бил многу разочаран ако вработените не го најдат патот до канцеларијата до Денот на трудот (6-ти септември), а потоа ќе имаме многу поинаков разговор“, рече Горман.
„Ако сакате да бидете платени како во Њујорк, ќе работите во Њујорк. Нема да се случи: Јас сум во Колорадо и работам во Њујорк и добивам плата како во Њујорк. Жал ми е, но тоа нема да биде така“, вели Горман.
Тој додаде дека компанијата нема да дејствува „диктаторски“ и ќе понуди одредена флексибилност во поделбата на работното време помеѓу канцеларијата и домот. Тој исто така спомена дека повеќе од 90% од вработените во „Morgan Stanley“ се вакцинирани против Ковид-19.
Оваа недела, Њујорк ја достигна целта да вакцинира 70% од возрасните во државата. Како резултат на тоа, локалните власти објавија дека ги укинуваат ограничувањата наметнати поради коронавирусот.
Останато
Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка со цел да ја спаси рубљата

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. (more…)
Странски банки
Италија ќе го оданочува екстра профитот на банките!?

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија дополнителен притисок врз домаќинствата. (more…)
Странски банки
ЕБОР е најголем инвеститор во Северна Македонија! Како гледа на македонската економија?

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 проект. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје