Connect with us

Странски банки

Moody’s: Слободното повлекување готовина во Грција е позитивно за кредитирање на банките

Објавено

на

Крајот на ограничувањата на повлекување и зголемувањето на износот што може да биде испратен во странство – дел од мерките за ублажување на контролата наметнат пред три години – стапија на сила на 1-ви октомври.

„Подобрувањето на економските перспективи и зголемувањето на депозитите во приватниот сектор дозволија да се олесни контролата на капиталот, што најверојатно ќе ја зајакне довербата на штедачите и ќе им помогне на банките дополнително да ги подобрат профилите на финансирање. Олеснувањето во ограничувањата најверојатно ќе ги поттикнат домаќинствата и компаниите да ги вратат парите во локалните банки кои ги држат надвор од банкарскиот систем на Грција“, вели „Moody’s“ во својот извештај.

Постепеното враќање на депозитите во банкарскиот систем во последните седум месеци и оптимизмот по успешното излегување на Грција од третата спасувачка програма беа клучни мотори за одлуката да се намали контролата на капиталот стои во извештајот на агенцијата.

Сепак, локалната политика и социјалната нестабилност остануваат ризици за економското заздравување. „Потенцијалната тековната политичка несигурност во комбинација со лабавата контрола на капиталот може да доведе до значителен одлив на депозити“, додаде „Moody’s“.

Странски банки

Банките во еврозоната ги заоструваат условите за кредитирање поради пандемијата

Објавено

на

Банките во еврозоната ги затегнаа условите за кредитирање во третиот квартал од оваа година, поради пандемијата на вирусот Ковид-19, покажува студијата на Европската централна банка (ЕЦБ), која покажува неизвесност кај банките во однос на закрепнувањето на економијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Популарно