Connect with us

Кредити

Брз и лесен пристап до финансиски средства, без долги процедури – со Мој Кредит, ново финансиско друштво

Објавено

на

Мој Кредит е ново финансиско друштво кое започнa  со работење на 03.01.2022 година. Понудата на Мој Кредит вклучува широк спектар на кредитни услуги кои на граѓаните и микро компаниите на Р.С.Македонија ќе им овозможат ефикасен, брз и лесен пристап до финансиски средства, без сложени и долги процедури за одобрување и тоа во оној момент кога тоа им е најпотребно.

Брз потрошувачки кредит, потрошувачки наменски кредит, кредит со хипотека, кредит за микрокомпании се некои од кредитните услуги кои ги нуди Мој Кредит како финансиско друштво.

Со лесен и ефикасен процес, Мој Кредит цели да им помага на клиентите да ги постигнат сите нивни цели со финансиски заем, без разлика дали станува збор за нов дом, возило, финансиски средства за нивниот бизнис или пак итни трошоци.

Компанијата е лоцирана во Скопје на ул. 11 Октомври бр.23/2-2, и нуди можност за аплицирање во експозитурата или пак online преку нивниот веб-сајт. Понудата на кредитни услуги е достапна за целата територија на Р.С.Македонија.

Целта на Мој Кредит е градење на на успешни деловни соработки и долгорочни односи со своите клиенти. 

Живееме во време каде што едноставноста, брзината и времето се од клучна важност, затоа се одлучивме нашиот процес за аплицирање и одобрување на кредити да биде наједноставен и лесно достапен на сите оние кои имаат потреба од  дополнителни финансиски средства. Како компанија целосно сме фокусирани на потребите на клиентите, а нашиот професионален тим со долгогодишно искуство ќе биде секогаш тука за да им помогне на клиентите во изборот на најсоодветен кредитен производ согласно нивните потреби, но и во текот на аплицирањето и одобрувањето на истиот. Што се однесува до апликациите, истите, по добивањето се обработуваат веднаш од страна на нашите кредитни референти, а одговор се добива по 30 минути.“ – изјави генералниот менаџер на ФД Мој Кредит, Соња Христовска.

Кредитите  кои ги нуди оваа компанија започнуваат од 3.000,00 денари па се до 1.500.000,00 денари ( зависно од видот на кредит), а рокот на отплата е од 2 до 120 месеци.

За сите дополнителни информации, може да ги контактирате на следниот телефонски број: 02 322 33 09 од понеделник до петок од 8:30 до 16:30.

Кредити

Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот

Објавено

на

Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци

Објавено

на

Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно