Connect with us

Странски банки

McKinsey: Речиси 60 проценти од банките не би ја преживеале економската криза

Објавено

на

Речиси 60 проценти од светските банки не се доволно флексибилни и отпорни за да ја преживеат кризата, се вели во најновиот извештај на светската консултанска куќа McKinsey.

Во извештајот се предупредува на зголемената ранливост на банките, бидејќи тие не растат доволно брзо и сугерираат на неколку начини за зголемување на отпорноста на банките, пренесува Business Insider.

„Една деценија по глобалната финансиска криза, постојат јасни сигнали дека банкарската индустрија зачекори во последната фаза од економскиот циклус: растот на обемот и врвните приходи се забавува, растот на кредитирање од само 4% во 2018 година, претставува најниска стапка на раст во изминатите пет години“, се вели во извештјот на McKinsey.

Додаваат дека е забележлива и намалена довербата на инвеститорите во банките.

Повеќето банки на глобално ниво не се економски одржливи, бидејќи нивниот принос на капиталот не расте во согласност со трошоците, се наведува во извештајот.

За да избегнат колапс во случај на нова рецесија, банките, како што препорачуваат од консултанската куќа McKinsey, треба да преземат „храбри потези“ и да ги прошират своите понуди, како што  тоа го прават кинеската осигурителна компанија Ping An или Amazon.

„Банките не инвестираат доволно за да можат да се натпреваруваат со новите ривали и затоа се повеќе клиенти се насочуваат кон големите технолошки компании како Amazon и Google со цел да ги задоволат своите финансиски потреби“, се вели во извештјот на консултантската фирма.

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)

Продолжи со читање


Популарно